BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20251228T193000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20251228T204000
DTSTAMP:20260423T100152
CREATED:20251110T183727
LAST-MODIFIED:20251117T094519
UID:4760-1766950200-1766954400@operabalet.mk
SUMMARY:„Аладин и волшебната ламба“ (28.12.2025/19:30ч.)
DESCRIPTION:\nПроектот „Аладин и волшебната ламба“ во продукција на КРЕО-АКСИС - здружение на граѓани за инклузивно и неформално образование Скопје\,  е инспиративен пример за тоа како младите преку уметноста учат\, создаваат и растат. Во него учествуваат повеќе од педесет млади изведувачи од ансамблот „Бродвеј јуниор“\, кои заедно со професионалци од областа на музиката\, театарот\, сценографијата и костимографијата создадоа сценско – музичко дело базирано на приказната за Аладин од збирката „Илјада и една ноќ“. Соработката со Националната опера и балет ја потврдува важноста на институционално-граѓанското партнерство како модел за развој на нови културни вредности и афирмација на младите уметници.\nКреативен тим:\nНаташа Лалчевска – продуцент и музички директор\nРадо Алексовски – актерска режија и игра\nВесна Малинова – препев на песни\nАлександар Митевски – музичко студио ТОРУС.\nМјузиклот се изведува во препев на македонски јазик. Времетраење: 70 минути.\nЗа потребите на изведбите на Големата сцена на НОБ\, во сценографијата ќе се користат сценографски елементи од балетската престава „Шехерезада“ дело на сценографката Марија Ветероска. Целосната адаптација на изведбите е  реализирана во соработка со сценските служби на Националната опера и балет.\nИзведба: Ансамбл „Бродвеј јуниор“\nВо претставата учествуваат над педесет млади изведувачи од „Бродвеј јуниор“ – музичко-театарски ансамбл за деца и млади\, формиран во рамките на проектите на КРЕО-АКСИС. Нивната енергија\, дисциплина и креативност се срцето на оваа продукција\, која ја претвора сцената во простор на учење\, радост и инспирација.\nПроектот има едукативна и културна мисија. За таа цел беа формирани тимови за кореографија\, сценографија\, костимографија и мултимедија\, во кои учествуваа млади дизајнери\, студенти и ученици\, со што на младите им беше овозможен креативен и процесуален израз.\nНа проектот работеа: \nЈована Спиркоска\, Калина Александар и Тара Џеладин на кореографијата; Емилија Ицковска\, Мила Ќурчинска и Елена Муратова на костимите за ликовите Јасмин\, Манал\, Исир\, Раџа\, Џафар\, како и елементи за костимите на Принц Али и Џини\, под менторство на проф. Лидија Георгиева (ТМФ – УКИМ\, Институт за текстилно инженерство). Ана Ѓорѓиевска и Ана Митевска го дизајнираа сценскиот простор\, а Бодан Николов\, ученик од IX одделение\, ја осмисли и реализира сценографската иновација – „летечкиот килим“.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd-%d0%b8-%d0%b2%d0%be%d0%bb%d1%88%d0%b5%d0%b1%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0-28-12-2025-1930%d1%87/
LOCATION:Array
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2025/11/aladin_web.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR