BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20250423T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20250423T210000
DTSTAMP:20260423T111244
CREATED:20250402T115355
LAST-MODIFIED:20250414T112004
UID:4481-1745438400-1745442000@operabalet.mk
SUMMARY:„Болеро“ - одбележување 150 години од раѓањето на Морис Равел
DESCRIPTION:\n23.4.2025\, 19 часот\, Фоаје на НУ НОБ  \nИзложба на фотографии „Вечни тела“ во соработка со КИЦ\nАвтори: Искра Шукарова и Жарко Стојчевски\nБалетски уметници\, модели: Емилија Џипунова\, Снежана Шијак\, Зоица Пуровска Велевска\, Ирена Лозинска и Зоран Талев\n \n„Вечни тела“\nПроектот „Вечни тела“ ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот и значењата што културата им ги припишува на возрасните и ја аргументира потребата од ослободување на возрасното тело од патологиите на маргинализација.\n\nПроектот е осмислен од кореографката Искра Шукарова и фотографот Жарко Стојчевски\, споделувајќи ги своите заеднички гледишта за возрасното тело на изведувачот\, во соработка со петмина балетски уметници кои биле дел од ансамблот на Македонски народен театар\, a потоа во Македонска опера и балет (денес Национална опера и балет- НОБ)\, а кои се наоѓаат во различни фази од својата кариера и животно искуство.\nПроектот е инспириран од работата на Шукарова со Екрем Хусеин во проектот „Црвениот лебед“ (2008) и има за цел да отвори простор за дискусија и нови визии за тоа што значи да се старее во тело кое е активно\, моќно и значајно. Жарко Стојчевски пак е фотограф кој е инспириран од возрасното тело\, прикажувајќи го доблесно и достојно за почит.\n\nОд сите животни фази\, староста најчесто е предмет на негативни општествени перцепции. Дискурсите за стареењето се врамени во тесни и бинарни начини на размислување. Првиот наратив го третира стареењето како процес на губење на продуктивноста\, вредноста и убавината\, при што телото се обезвреднува како изнемоштено\, непродуктивно\, пасивно и зависно. Вториот дискурс\, пак\, се однесува на позитивно и успешно стареење кое се користи со сите неолиберални императиви на капитализмот поврзани со младоста и продуктивните фази на животниот тек. Според него\, успешно стареење значи да не старееш и да не се препознаваш како стар\, бидејќи поимите за старост не содржат позитивна содржина.\n\nВреметраењето на кариерата на културните работници\, вклучително балетските уметници\, често е условено од физичката издржливост и визуелната перцепција за телото оценето низ призмата на младоста и физичката привлечност. Оттука\, изложбата „Вечни тела“ се осврнува на политичката димензија на телото во рамките на современите социјални и културни кодекси кои се однесуваат на уметничкиот труд\, продуктивноста и возраста.\n\nИзложбата вклучува фотографии на денес пензионирани балетски уметници од Националната опера и балет- НОБ: Емилија Џипунова (р.1935 год.)\, претставничка на првата генерација балетски уметници\, истакната солистка\, педагог и критичарка; Снежана Шијак (р.1949)\, солистка; Зоица Пуровска-Велевска (р.1956 год.)\, првенка и педагог репетитор; Зоран Талев (р.1953 год.)\, солист; и Ирена Лозинска (р.1961 год.)\, солистка\, педагог и кореографка.\n\n\nПроектот ги документира телата на уметниците во динамичен процес на изведба\, го преиспитува начинот на кој општеството ја стигматизира нивната способност за делување и творење во контекст на возраста и ја проблематизира нивната невидливост на сцената и во јавниот простор. Суптилните гестови наместо отворен отпор не придвижуваат подалеку од она што е културно прифатливо кон ново разбирање на староста како сцена со свои фокуси\, приоритети и делување.\n\nДокументираните движења на телото\, кое има капацитет активно да се спротивстави и трансформира\, освен што произлегуваат и го претставуваат самиот живот\, го разоткриваат во рамки на делување на институционалните и економските механизми. Гестовите на танчерите откриваат што навистина се случува под површината на изгледот и генерираат нови визии за староста\, раздвижувајќи ги телесните архиви и враќајќи ги невидливите тела на оние кои се занемарени во професијата во сферата на нашата социополитичка итност.\n\nНатамошниот развој на проектот вклучува и јавни дискусии\, разговори со балетските уметници\, како и видеоматеријали со нивни сведоштва за професијата и за предизвиците со кои се соочувале во различни фази од својата кариера.\n\nПроектот повикува на одговорност за тоа како можеме да ги интегрираме и вреднуваме сите аспекти на староста во нашето активно секојдневие и иницира солидарност меѓу генерациите. Токму од оваа перспектива\, стареењето станува не само биолошки\, туку и социјален и културно значаен процес кој еволуира низ индивидуални и колективни тела кон нови идеи и практики на грижа за тоа што значи да се создава и старее во современиот свет.\n\nПроектот е поддржан од Културно информативниот центар – КИЦ.\n\nРеализација на фотографските сесии во Photo Factory.\n\nСоработници на проектот се: Сашка Костовска Длака\, Емил Шулајковски и Кристина Стојчевска\nИзведба на движења : Мила Блажевска студент на катедра за балетска педагогија - ФМУ\nТекст: Јованка Попова\n\n23.4.2025\, 20 часот\, Мала сцена\n„Болеро“ - одбележување 150 години од раѓањето на Морис Равел \nКореограф: Саша Евтимова\nМузика: Морис Равел\nКостимограф: Марија Пупучевска\nНастапуваат: Балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет\n 
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-150-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b0/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2025/04/denovi_koreografi_2025_.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR