BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20181016T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20181016T220000
DTSTAMP:20260619T211959
CREATED:20180910T210750
LAST-MODIFIED:20181002T175354
UID:1881-1539720000-1539727200@operabalet.mk
SUMMARY:„Дамата со камелии“ - Џузепе Верди (16.10.2018)
DESCRIPTION:\n\nДиригент:\nКореограф: Василиј Медведев (Русија)\nЛибрето: Јана Темиз\nСценограф\, костимограф и дизајн на светло: Павол Јураш (Словачка)\nАсс. кореограф: Станислав Фечо (Чешка)\nКонцерт мајстор: Верица Ламбевска\nРепетитори:  Горан Божинов\, Лора Тарчуговска и Јордан Крстев (Бугарија)\n\nНастапуваат:\nМаргарита: Марија Кичевска Шокаровска\nАрман: Бобан Ковачевски\n\nБалетски солисти\,  балетски ансамбл и оркестарот на МОБ\nДАМАТА СО КАМЕЛИИ\nБалет во два чина\nЛибрето: Јана Темиз\nПРОЛОГ\nСобата на Маргарита:\nАрмандо во раката држи цвет од камелија. Тажен е. Неговата љубов веќе не е меѓу живите. Од огледалото се појавува привидение на неговата сакана. Арманд не може да поверува во чудо\, но за жал тоа е само илузија. Сенката исчезнува. На Армандо му остануваат само тажни спомени.\nI ЧИН\n1 Слика\nБал. Дами и господа\, меѓу кои се и анимир дами со своите клиенти\, играат\, разговараат. Паровите се одалечуваат и се враќаат. Армандо е наивен млад човек. Маргарита го привлекува неговото внимание и веднаш\, на прв поглед\, тој се заљубува во неа.Се обидува да дојде до девојката. Маргарита го прифаќа неговото додворување. Армандо е возбуден.\nДознава дека Маргарита е болна. Тој и помага. Си признава дека ја сака. Заминуваат од балот заедно.\n2 Слика\nАрмандо и Маргарита се во Париз. Улицата е преполна со минувачи. На заљубениот пар им приоѓаат цвеќарки. Една по една им нудат разно цвеќе: рози\, лилјани\, јоргован. Армандо купува камелии. Маргарита е пресреќна. Го носи букетот со камелии знаејќи дека Армандо ја сака. Му возвраќа со своите емоции. Цветови од камелиите става во својата коса\, на фустанот\, во реверот на Армандо. Среќни се. . . Камелиите стануваат симбол на нивната љубов.\n3 Слика\nСобата на Маргарита.\nМаргарита го испраќа Армандо откако заедно ја поминале ноќта. Сама е и среќна сонувајќи за својата љубов. Слугинката и најавува посетител. На гости и доаѓа еден од поранешните клиенти\, нејзин мецена. И нуди пари за љубов. Маргарита го одбива. Таа повеќе не сака да ја продава својата љубов. Неочекувано се враќа Армандо! Го набркува соперникот. Маргарита признава дека го сака само него. Армандо ја моли и бара од неа да се откаже од својот поранешен живот и заедно да отпатуваат од Париз. На село во природа ќе оздрави и ќе биде среќна. Млади и заљубени\, полни со надеж безгранично сакаат да започнат нов живот.\nII ЧИН\n4 Слика\nАрмандо и Маргарита се на село. Слугинката им најавува луѓе кои дошле по својот долг. Армандо бргу излегува да ги пречека.\n5 Слика\nСе појавува татко му на Армандо. Се обидува да ја наговори Маргарита да го остави Армандо. И нуди нараквица со брилијанти. Избезумена\, Маргарита го одбива и ја фрла нараквицата на под. И се слошува. Таткото ја сфаќа ситуацијата - таа навистина го сака неговиот син и е многу болна. Маргарита разочарана му ветува на Армандовиот татко дека ќе го напушти својот љубовник.\nМу пишува проштално писмо\, става цвет од камелија во писмото и без оглед на болеста се враќа во Париз и на својот претходен живот. Добивајќи го Маргаритиното писмо\, Армандо е очаен.\n6 Слика\nВо Париз се е вообичаено. Повторно бал.. Маргарита е опкружена со своите обожаватели и клиенти. Љубовта оставила длабока трага на неа - таа е поинаква\, тажна и ништо не ја интересира.\nДоаѓа Армандо. Сака да ја заборави Маргарита и не очекува дека ќе се сретне со неа.\nЗабележувајќи ја и приоѓа и ја обвинува дека била со него заради пари. За да ја понижи и дава пари. Маргарита понижена и очајна заминува од балот.\n7 Слика\nСобата на Маргарита.\nТаа се вратила од балот скршена од болка и понижена. Тешко е болна. Тагува во самотија претчувствувајќи ја својата смрт.\nСлугинката и ја подготвува постелата.\nНа Маргарита и е сè полошо. Во претсмртната агонија го гледа Армандо - како да се враќа во среќните денови на нивната љубов. За жал привидението исчезнува. Маргарита е исцрпена\, несреќна и сама. Го прегрнува букетот со камелии кои и будат спомени. Силата ја напушта и таа умира.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b4%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%b8-%d1%9f%d1%83%d0%b7%d0%b5%d0%bf%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b4%d0%b8-16-10-2018/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/09/damata-kamelii.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR