BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20260131T190000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20260131T200000
DTSTAMP:20260423T083832
CREATED:20260113T083210
LAST-MODIFIED:20260113T083210
UID:4834-1769886000-1769889600@operabalet.mk
SUMMARY:ДОКТОР ОФБОЛИ - балет за деца (31.1.2026 / 19:00)
DESCRIPTION:\nДОКТОР ОФБОЛИ (балет во два чина за деца)\n31.1.2026 од 197  часот\nКореограф: Михаил Крапивин (Русија)\nМузика: Игор Морозов (Според сказната на К.Чуковски)\nСценограф: Живојин Трајановиќ\nКостимограф: Марија Пупучевска\nНастапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ\n \nДоктор Офболи \nСинопсис\n \nПрв чин\nНа брегот на морето\, цела во зеленило стои куќичката на Офболи – докторот кој ги лекува животните и птиците. Со него живее неговата лоша сестра Варвара\, а соседи му се девојчето Тања\,и момчето Вања .Пред куќата на Офболи секогаш е живо - се собираат неговите пациенти – животните и птиците. Тања и Вања им помагаат и тропаат на вратата\, но лошата Варвара ги брка сите. Болните животни сепак успеваат да влезет во куќата на Офболи. Варвара е многу лута и го доведува немилосрдниот дресер Капитони кој ги фаќа животните во замка. Варвара му помага во тоа\, а Тања и Вања се обидуваат да ги спречат. Доктор Офболи е гневен поради суровоста на Капитони\, му го одзема камшикот\, ги ослободува заробените кученца\, а него го брка.Стигнува поштарот кој му носи тажна вест на докторот – во далечни тропски предели се разболеле мајмунчиња. Докторот одлучува да патува таму и ги зема со себе кучето Ава\, мајмунот Чичи\, лисицата\, ластовичката\, мачорот\, петелот и мечокот\, а другите животни ги остава на Варвара.Тања и Вања го молат докторот да ги земе со себе \, но тој не сака да ги става децата во опасност. Тогаш на Вања му доаѓа идеја тие кришум да се сокријат во кутиите со лекови\, подготвени за патувањето.Бродот полека испловува.Задоволна од заминувањето на докторот Офболи\, злобната Варвара го вика дресерот Капитони.\nВо сончева долина полна со тропски растенија е сместена населбата на мајмуните. Возрасните мајмуни и домашните лекари – жирафата и крокодилот безуспешно се трудат да им помогнат на болните мајмунчиња. Долетува ластовичката и го најавува доаѓањето на докторот Офболи. Докторот ги прегледува болните и им дава лекови. Мајмунчињата брзо оздравуваат. Почнува свеченост во чест на докторот. Неочекувано доаѓаат разбојници со крвожедниот Бармалеј. Ги кршат кутиите и од таму излегуваат Тања и Вања. Бармалеј и разбојниците се нафрлуваат на нив. Дотрчува докторот. Тој се обидува да ги спаси децата \, но и сам е заробен.\nВтор чин\nПреку шумата\, разбојниците ги носат запленетите Тања\, Вања и докторот. Следени од кучето Ава\, мајмунот Чичи и лисицата. Лисицата го посипува букетот со прашок за спиење\, кој на нејзе кришум и го дофрлил докторот.\nМрачна пештера. Разбојниците докторот го затвараат во занданата\, а од децата Бармалеј наредува да биде зготвена вечера. На помош на своите другари во пештерата доаѓаат Ава и Чичи. Но разбојниците ги заробуваат и нив. Чичи успева да избега\, ама кучето го врзуваат со ланец. Разбојниците се спремаат да ги изедат децата...Одеднаш се појавува дотераната лисица. Таа кокетно им го предава букетот посипан со прашoк за спиење. Разбојниците и се додворуваат\, го мирисаат букетот и полека под дејството на прашокот заспиваат. Вања ја отвара занданата и го ослободува докторот Офболи. Сите полека си заминуваат\, освен петелот\, кој со своето фалбаџиско кукурикање ги буди разбојниците....\nСтрмен морски брег. Храбриот Вања се качува на висока палма. Палмата се наведнува кон другата карпа и по тој мост се прекачуваат бегалците. Бармалеј и разбојниците полека ги стигнуваат\, но невнимателно Бармалеј паѓа во пропаста\, а разбојниците од страв бегаат во шумата. Сите се радуваат на победата над злосторникот.\nКуќичката на Офболи. Злобните Варвара и Капитони ја претвориле во менажерија каде ги измачуваат заробените животни. Долетува ластовичката со радосна вест за враќањето на Офболи. Варвара и Капитони се преплашени. Од бродот излегуваат Офболи\, Тања\, Вања и нивните пријатели.Докторот откако ќе види колку несреќи и солзи им причиниле на животните Варвара и Капитони\, ги брка. Повторно се е весело и убаво. Животните и птиците го слават Офболи\, Тања и Вања. Сите се фаќаат во заедничкиот танец на дружбата и пријателството.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%be%d1%84%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%b8-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-31-1-2026-1900/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2024/11/ofboli_slide.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR