BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20230217T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20230217T213000
DTSTAMP:20260423T180618
CREATED:20230127T141831
LAST-MODIFIED:20230130T103614
UID:3700-1676664000-1676669400@operabalet.mk
SUMMARY:„Долгата Божиќна вечера“  / „Жени во Д-Мол“  (17.2.2023)
DESCRIPTION:\n17.2.2023 во 20 часот\nГостување на Балетот на Државна опера Пловдив\, Р.Бугарија\n„Долгата божиќна вечера“ - танцов театар базиран по истоимената драма на Торнтон Вајлдер\nМузика: Антонио Вивалди\n„Жени во Д-мол“ - танцов театар\nМузика: Јохан Себастијан Бах\nКореограф: Раду Поклитару\nСценограф: Андреј Злобин\nКостимограф: Дмитро Курјата\nСветло дизајн: Лена Антохина\nНастапуваат балетски уметници од Државната опера Пловдив\nПроектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија\nТАНЦОВ ТЕАТАР НА РАДУ ПОКЛИТАРУ НА СЦЕНАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ВО СКОПЈЕ\nБалетот на Државната Операта Пловдив во Скопје претставува две танцови претстави од еден чин со меѓународно признание на водечкиот современ кореограф Раду Поклитару. „Долгата Божиќна вечера“ според истоимената драма на Торнтон Вајлдер и музика на Вивалди и „Жени во Д-мол“ од Бах\, инспирирана од „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка ќе гостува на 17 февруари\, во 20 часот на сцената на Националната опера и балет на Северна Македонија.\nПрезентацијата на делото на Раду Поклитару е еден од најсветлите настани во танцовиот календар во Бугарија за оваа година.\nРаду Поклитару е основач и главен кореограф на Киевскиот академски театар за модерен балет\, почесен уметник на културата на Украина\, народен уметник на Молдавија\, добитник на бројни европски меѓународни награди\, професор на Катедрата за модерна кореографија на Националниот универзитет за култура и уметности во Киев. Покрај десетици претстави во Киевскиот модерен балет\, низ годините поставува балетски продукции во театарот Бољшој\, театарот Марински\, националните опери на Украина\, Молдавија\, Латвија\, Белорусија\, Чешка\, Србија итн. Раду Поклитару од почетокот на годинава е дел од тимот на Државната Опера Пловдив.\n„Долгата Божиќна вечера“ е балет-рефлексија за минливоста на животот\, за суетните и бескорисни нешта со кои ги исполнуваме драгоцените минути\, часови и години од нашиот престој на Земјата. Продукцијата следи деведесет години од животот на едно аристократско семејство\, минувајќи во серија божиќни вечери. Празник по празник\, судбините на луѓето се раствораат во заборав како еднодневни пеперутки\, не оставајќи ништо зад себе. Светлата\, гротескна кореографија на музиката на Вивалди успева да допре до срцето на секој гледач и без морализирање\, да го постави прашањето - по што се разликуваме од сценските ликови? Претставата „Долгата Божиќна вечера“ на американскиот драматург Тортон Вајлдер\, добитник на Пулицерова награда\, продолжува да биде на репертоарот на голем број драмски театри во Европа и САД\, по неа е снимен филм\, како и опера на композиторот.Пол Хиндемит.\n„Жени во Д-Мол“ е изведба проткаена со почит кон генијалноста на Ј.С.Бах. Раду Поклитару раскажува трагична приказна за непостоечко женско пријателство\, кое служи само како изговор за расплетот на невообичаено сложени повеќефигурни композиции и продорни дуетни фрагменти.\nПроектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b6%d0%b8%d1%9c%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%87%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%b4/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2023/01/baner-Dalgata-Vecheria-1752x780.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR