BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20241220T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20241220T220000
DTSTAMP:20260423T150417
CREATED:20241126T075603
LAST-MODIFIED:20241203T085749
UID:4336-1734724800-1734732000@operabalet.mk
SUMMARY:„ДОН КИХОТ“ - Лудвиг Минкус (20.12.2024)
DESCRIPTION:\nЛудвиг Минкус\n\n\n\n „ДОН КИХОТ“\n20.12.2024 – 20 ЧАСОТ\n\nДиригент: Едуард Амбарцумјан (Ерменија)\n Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)\n Сценограф: Андреј Злобин (Украина)\n Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)\n Концерт мајстор: Климент Тодороски\n Репетитори: Кире Павлов\,Володомир Борисов (Украина)\, Марија Јосифовска Ристовска\, Дафина Данилоска-Кочевска\, Саша Евтимова \nКорепетитори: Марјан Василевски\, Стефан Пехчевски\nИнспициенти: Дубравка Шопова\, Тијана Тарчуговска Георгиева\n\n \nНастапуваат:\n\n Китри: Христина Наќевска Митрашиновиќ\nБазил: Балаж Лочеи (Унгарија) \nНАСТАПУВААТ СОЛИСТИ\, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И ДЕЦА ОД БАЛЕТСКИОТ ОДДЕЛ НА ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“\n Времетраење: 1 час и 40 минути\n\n\n\n\nСинопсис „Дон Кихот“\nПролог\nДон Кихот талка по светот за да го прослави со славни подвизи своето име. Го назначува за свој штитоносец слугата Санчо Панса. Поаѓаат по светот за Дон Кихот да ја пронајде „дамата на своето срце“\, Дулчинеја.\nСинопсис\n I ЧИН\nСлика 1. Празнична веселба на плоштадот во Барселона. Китри\, ќерката на крчмарот Лоренцо е вљубена во Базил\, кој работи како бербер. Татко ѝ е против оваа врска и сака да ја омажи својата ќерка за богатиот Идалго Гамаш. Китри решително одбива да се потчини на татковата волја. Кога веселбата го достигнува својот врв\, на плоштадот се појавува Дон Кихот со својот штитоносец\, Санчо Панса. Лоренцо го поканува необичниот господин во крчмата. Санчо Панса останува на плоштадот опколен од младите\, кои се шегуваат со него. Во меѓувреме Дон Кихот ја забележува Китри. „Славниот рицар“ вообразува дека таа е прекрасната Дулчинеја. Но Китри исчезнува. Таа бега со Базил. Лоренцо\, Гамаш\, Дон Кихот и Санчо Панса тргнуваат во потера по нив.\nII ЧИН\nСлика 2. Барајќи ја Китри\, Дон Кихот и Санчо Панса наидуваат на еден цигански логор. Циганите им понудуваат гостопримство и преноќиште.\n Слика 3. На сон на Дон Кихот му се појавуваат Амор и кралицата на шумските вили\, покажувајќи му ја „Дамата на неговото срце“\, Дулчинеја во ликот на Китри. Рицарот ја гледа играта на прекрасната Дулчинеја.\n Слика 4. Китри и Базил се забавуваат во крчмата. Се појавуваат Лоренцо\, Гамаш\, Дон Кихот и Санчо Панса. Крчмарот сака веднаш да ја објави свршувачката на Китри со Гамаш. Но\, Базил одглумува самоубиство. Китри очајна плаче над неподвижното тело на својот љубен. Дон Кихот и Санчо Панса негодуваат и му префрлаат на Лоренцо дека е прежесток. Тие го бркаат здодевниот Идалго и го присилуваат Лоренцо\, заканувајќи му се со оружје\, да се согласи да се венчаат Китри и Базил. Базил срипува\, веќе не му е потребно да се преправа дека е „смртно ранет“. Започнува општа веселба\, а Дон Кихот и Санчо Панса ја напуштаат крчмата.\nСлика 5. Настанува сеопшто празнување за свадбата на Китри и Базил. „Прочуениот рицар“ е почесен гостин на тој весел настан. Во текот на веселбата\, двајцата борци за правда и слобода го напуштаат празнувањето\, желни за нови „подвизи“.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b4%d0%be%d0%bd-%d0%ba%d0%b8%d1%85%d0%be%d1%82-%d0%bb%d1%83%d0%b4%d0%b2%d0%b8%d0%b3-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%81-20-12-2024/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/10/don-kihot.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR