BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20160520T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20160520T220000
DTSTAMP:20260425T112942
CREATED:20160408T063819
LAST-MODIFIED:20160505T075301
UID:388-1463774400-1463781600@operabalet.mk
SUMMARY:ЗАСПАНИТЕ УБАВИЦИ (современ балет)
DESCRIPTION:Заспаните убавици е насловот на извонредниот балет со фантастична раскошна музика\nна славниот руски композитор Чајковски. Музиката за балетот повеќе од еден век преставува инспирација за неброени кореографи\, така што постојат толку многу различни верзии на балетот колку што има балетски ансамбли во светот.\n\nЈас сакав да дадам едно ново гледање\, нов пристап кон приказната Заспана убавица која не е раскажана на традиционален начин. Приказната во прв план ги поставува односите помеѓу младоста и староста\, сексот\, смртта\, животот и сеќавањето. Сите овие аспекти придонесуваат кон развојот на еден жив ум. Кавабата ја потенцира способноста на човечкиот ум да фрли светлина на односот на поединецот со светот во кој егзистира.\nРазмислувањата на ликовите за грешките во минатото најчесто се случуваат кога се наоѓаат на прагот на смртта. Тогаш колку очајно ја бараат таа невозможна шанса повторно да ја зграпчат младоста\, дури само за миг\, и да почувствуваат една почиста егзистенција.\n\nПриказната поседува еден лиричен квалитет во кој наоѓаме прикриен реализам. На површината\, овие приказни лесно е да ги сместиме во светот на фантазијата и сонот (елементи кои во одредена мера ги поседуваат)\, но контемплациите и филозофските размисли кои ги нудат се универзални\, реалистични и безвремени. Во суштина\, ова е приказна за чистата желба. Куќата на Заспаната убавица е куќа на желбата; длабоката желба всушност е желба вистински да сте близок со некого\, да се напојувате од нивната младост и убавина\, патувајќи низ сеќавањата на Вашиот живот\, припомнувајќи се на Вашата младост. Да горите од желба и да не ја изразите е најголемата казна која можете да си ја нанесете. Да се топите и да сознаете крајна нежност\, да бидете повредени од Вашето сфаќање на љубовта\, да крварите доброволно и со радост\, да се разбудите во мугри со раскрилено срце и да се заблагодарите за новиот ден исполнет со љубов\, да медитирате за екстазата на љубовта... Да се вратите дома полни со благодарност и да заспиете со молитва за љубениот во Вашето срце и со спомен на Вашите усни. Не го уништувајтоа што го имаш со желба за тоа што го немаш\, но сепак сети се дека тоа што го имаш сега\, некогаш беше нешто на кое можеше само да се надеваш..\nСаша Евтимова - кореограф\nКореограф и сценска идеја: Саша Евтимова\nКостимограф: Александар Ношпал\nМузика: Рихард Вагнер\, Едвард Григ\, Ј. С. Бах\, Густав Малер\, Милан Димушевски\nВидео проекција и филм: Предраг Милошевиќ\nСветло мајстор: Васил Лисичов\n\nНастапуваат: Александра Мијалкова\, Мими Поп Алексова-Атанасовска\, Марија Кичевска Шокаровска\, Наташа Јосифовска\, Саша Евтимова\, Билјана Басмаџиева\, Васил Чичијашвили (Грузија)\, Бобан Ковачевски\, Игор Веланоски\, Јан Кисилев\, Мирослав Митрашиновиќ\, Агим Бафтии
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%83%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2016/04/zaspanite.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR