BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20170523T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20170523T213000
DTSTAMP:20260601T114547
CREATED:20170424T203538
LAST-MODIFIED:20170505T094020
UID:1302-1495569600-1495575000@operabalet.mk
SUMMARY:ИГОР ДУРЛОВСКИ - рецитал (23.05.2017)
DESCRIPTION:ИГОР ДУРЛОВСКИ - бас\nДИНО ИМЕРИ - пијано\nРецитал\nПовеќе години наназад\, басот Игор Дурловски е присутен на светската музичка сцена изведувајќи бројни оперски улоги и дела од концертниот репертоар. Се школувал на ФМУ во Скопје со Биљана Јовановска и во Виена со Оливера Милјаковиќ\, а неговиот талент е забележан во 1999 година кога дебитира на домашната сцена. Оттогаш тој станува миленик на публиката пред која со својот моќен\, елоквентен бас и елегантна вокална техника ги толкува белканто улогите на Доницети\, Белини и Росини\, лиричните и драматични ликови на Пучини\, како и херојските улоги на руските и француски композитори. Во 2001 година Дурловски дебитира на меѓународната сцена\, во продукцијата на операта „Il capello di paglia di Firenza“ од Нино Рота. Драматичниот и лирски бас на Дурловски во текот на годините станува препознатлив и во македонските оперски дела. Во 2003 година ја добива наградата „Георги Божиков“ од СОКОМ\, а од 2004 година е солист на Виенската камерна опера. Изграден и меѓународно афирмиран пијанист\, добитник на наградата „Виртуози“ за „Најдобар млад музички уметник“ во 2013 година\, Дино Имери со посветеност\, љубов и искреност веќе години наназад цврсто чекори по патот на успехот. Имери го претставува својот раскошен музички талент на бројни концертни подиуми и реномирани манифестации во земјата и странство\, како солист со Македонската филхармонија\, Стразбуршкиот филхармониски оркестар\, Софиската филхармонија\, под диригентско водство на Јозеп Висент\, Томас Херцог\, Филип Хескет\, Најден Тодоров\, Саша Николовски – Ѓумар\, Борјан Цанев... Добитник е на бројни државни и меѓународни награди и признанија\, а на третиот меѓународниот натпревар по пијано во Нормандија\, Франција е прогласен за еден од десетте најдобри пијанисти во Европа.\n \n\n \n\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80-%d0%b4%d1%83%d1%80%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:концерт
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/04/durlovski-recital.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR