BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20191015T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20191015T211000
DTSTAMP:20260918T012520
CREATED:20190922T190556
LAST-MODIFIED:20191015T082026
UID:2446-1571169600-1571173800@operabalet.mk
SUMMARY:„КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА“ - Пјетро Маскањи (15.10.2019)
DESCRIPTION:\nДиригент: Иван Еминовиќ\nАсс.Диригент: Катерина Стојковска\nРежисер: Џандоменико Вакари (Италија)\nАсс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија)\, Љупка Јакимовска\, Трајко Јордановски\nСценограф: Зоран Николовски\nКостимограф: Елена Дончева\nСветло дизајн: Васил Лисичов\nКонцерт мајстор: Климент Тодороски\nАсс. Хор мајстор: Ѓургица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљановска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\nНастапуваат:\nСантуца: Весна Ѓиновска Илкова\nТуриду: Ѓорѓи Цуцковски\nАлфио: Борис Трајанов\nЛола: Николина Јаневска\nМајка Лучија: Соња Пендовска Мадевска\nХорот и оркестарот на Националнат опера и балет\nСопранот Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран\, певица со софистицирано пијано\, беспрекорна вокална техника\, огромна музикалност\, харизма и силно сценско присуство.\n\nТенорот Ѓорѓи Цуцковски\, музичката критика во земјава особено го поздравува неговиот ангажиран сценски влог и „движења кои ги претставуваат емоционалните промени кои ги следат карактерите“. Меѓународно признато е неговото остварување во улогата на Маурицио во „Адријана Лекуврер“\, ролја која ја пее во националните оперски куќи во Скопје\, Софија и Белград наспроти светски познатите Даниела Деси\, Цветелина Василева и Џована Казола...\n\nБаритонот Борис Трајанов\, во текот на својата триесетгодишна кариера играл во повеќе од 700 претстави во над 80 оперски куќи ширум светот.\nЗа неговиот настап во „Тоска“ во 2002 година\, водечкиот италијански оперски магазин L’Opera напиша: Борис Трајанов е Скарпија пред кој треба да се падне на колена.\n\n \nКавалерија Рустикана од Пјетро Маскањи\nОпера во еден чин\nПрељуба\, љубомора\, одмазда = Трагедија\nСодржина:\nВечер пред Велигден во сицилијанско село.\nМладата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија\, мајката на Туриду\, човекот кој таа го сака\, а во чија љубов се сомнева\, сo цел да разговара со него.\nНо\, наместо разговор\, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.\nЛола е жена на коларот Алфио. Туриду\, пред да замине во војска бил свршен со Лола\, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.\nТуриду после враќањето од војска разочаран\, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.\nСантуца\, сега веќе грешница во очите на селаните\, останува сосема сама\, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија\, каков грев сторил нејзиниот син.\nДоаѓа и Алфио\, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.\nЗборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио\, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.\nДоаѓа Туриду\, Сантуца сака да зборува со него\, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.\nСантуца\, пред која селаните ги затвораат црковните врати\, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила\, но веќе е доцна.\nСо цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните\, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.\nПосле црковната служба\, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.\nПо острата расправија\, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.\nТуриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца\, ако тој не се врати.\nМајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.\nСе слуша само:\,\,Туриду е мртов“
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%98%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%ba-2/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/10/slider.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR