BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20200517T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20200517T220000
DTSTAMP:20260424T092552
CREATED:20200507T225159
LAST-MODIFIED:20200507T225219
UID:2770-1589745600-1589752800@operabalet.mk
SUMMARY:Кавалерија рустикана - Пјетро Маскaњи / „Гала оперски концерт“  -70 години Македонска опера (17.5.2020)
DESCRIPTION:ОНЛАЈН МОВ 2020\nПочитувани пријатели и соработници\,  љубители на оперската и балетска уметност\, почитувани наши редовни посетители на Мајските оперски вечери\,\nОваа година ќе ги одбележиме Мајските оперски вечери на еден поинаков начин\, со надеж што поскоро да се вратиме на нашата сцена и зад неа. На нашиот официјален YouTube канал\, ќе имате можност да проследите 10 наши продукции\, 8 оперски и 2 балетски\, со кои ќе ги одбележиме Мајските оперски вечери\,  фестивалот кој е најзначаен за Националната опера и балет.\nЗа распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја нашата веб страна www.operabalet.mk\, и претплатете се на нашиот официјален јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.\nПрв дел :\n„Гала оперски концерт“\n„70 години Македонска опера“\nДиригент: Бисера Чадловска\nВтор дел:\n  “Кавалерија рустикана” - Пјетро Маскањи\n    ПРЕМИЕРА 31.10.2017\nДиригент: Џанлука Мартиненги ( Италија)\nАсс. Диригент: Иван Еминовиќ\nРежисер: Џандоменико Вакари ( Италија)\nАсс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија)\, Љупка Јакимовска\, Трајко Јордановски\nСценограф: Зоран Николовски\nСветло мајстор: Васил Лисичов\nКостимограф: Елена Дончева\nКонцерт мајстор: Јане Бакевски\nХор – мајстор: Ѓургица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљановска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\nНАСТАПУВААТ:\nСантуца: Весна Ѓиновска Илкова\nТуриду: Ѓорѓи Цуцковски\nАлфио: Борис Трајанов\nЛола: Николина Јаневска\nМајка Лучија: Марика Поповиќ\nИнспициенти: Љупчо Полизов\, Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\nСуфлери: Светлана Георгиева\, Павлинa Здравкова\nОпера во еден чин (Праизведба во Рим\, 17.05.1890)\nПрељуба\, љубомора\, одмазда = Трагедија\n \nСодржина:\nВечер пред Велигден во сицилијанско село.\nМладата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија\, мајката на Туриду\, човекот кој таа го сака\, а во чија љубов се сомнева\, сo цел да разговара со него.\nНо\, наместо разговор\, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.\nЛола е жена на коларот Алфио. Туриду\, пред да замине во војска бил свршен со Лола\, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.\nТуриду после враќањето од војска разочаран\, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.\nСантуца\, сега веќе грешница во очите на селаните\, останува сосема сама\, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија\, каков грев сторил нејзиниот син.\nДоаѓа и Алфио\, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.\nЗзборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио\, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.\nДоаѓа Туриду\,  Сантуца сака да зборува со него\, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.\nСантуца\, пред која селаните ги затвораат црковните врати\, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила\, но веќе е доцна.\nСо цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните\, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.\nПосле црковната служба\, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.\nПо острата расправија\, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.\nТуриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца\, ако тој не се врати.\nМајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.\nСе слуша само: \,\,Туриду е мртов“
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%80%d1%83%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%98%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%baa%d1%9a%d0%b8-2/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/09/web-baner-.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR