BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20231201T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20231201T230000
DTSTAMP:20260423T111116
CREATED:20230915T102607
LAST-MODIFIED:20231117T093034
UID:3864-1701460800-1701471600@operabalet.mk
SUMMARY:„КАРМЕН“ - Жорж Бизе (1.12.2023)
DESCRIPTION:\nЖорж Бизе\n„К А Р М Е Н“\n1.12.2023г\, 20 часот – Салон на НОБ\nДиригент: Оксана Мадараш (Украина)\nРежисер: Нина Најденова (Бугарија)\nAсс.режисер : Љупка Јакимовски\, Трајко Јордановски\nСценограф: Елена Иванова (Бугарија)\nКостомограф: Марија Пупучевска\nКонцерт мајстор: Јане Бакевски\nХор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска\nСветло дизајн: Васил Лисичов\nАсс. Диригент – Катерина Стојковска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\, Јордан Петрушевски\nНастапуваат:\nКармен: Сања Анастасиа (Србија)\nДон Хозе: Зоран Сотиров\nЕскамилио: Васко Здравков\nМикаела: Елена Голомеова\nФраскита: Ана Ројдева - Талевска\nМерцедес: Соња Пендовска Мадевска\nДанкаиро: Драган Ампов\nРемендадо: Дејан Стоев\nЦунига: Тихомир Јакимовски\nМоралес: Драган Ампов\nУчествуваат: Солистите\, хорот\, балетот и оркестарот на НОБ и детски хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“\, Скопје под раководство на Весна Димчевска\nИспициенти: ЉупчоПолизов\, Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\nСуфлер: Невена Георгиева\n \nКАРМЕН\n(синопсис)\nПрв чин\nПлоштад во Севилја пред тутунската фабрика. Војниците од стражарницата со нетрпение ја чекаат смената на стражата коментирајќи го раздвижениот народ. Дежурниот водник Моралес ја забележува селската девојка Микаела\, која е свршеничка на водникот Хозе. Таа дошла во градот да му донесе писмо на Хозе од неговата мајка. Трубата ја означува смената на стражата. Истовремено со доаѓањето на новите војници предводени од Хозе\, фабричката сирена ја означува паузата за работничките во фабриката за тутун\, кои се придружуваат на народот на плоштадот. Со нив е убавата и кокетна циганка Кармен\, која го забележува Хозе и со сензуален танц и песна го провоцира фрлајќи му цвет. Хозе се однесува како да не го забележува тоа\, но по влегувањето на работничките во фабриката долго го гледа цветот. Тоа го прекинува Микаела која му го одвлекува вниманието и му го дава писмото од неговата мајка. Сцената ја прекинува тепачката помеѓу Кармен и една од работничките\, при што Кармен со нож ја ранила. Офицерот Цунига му наредува на Хозе да ја уапси Кармен\, која и покрај се делува безгрижно пеејќи сегедилја. Низ песната и играта таа му ветува љубов на Хозе ако ја ослободи. Му ветува средба во крчмата на Лилас Пастја. Хозе замаен и ги одврзува рацете и Кармен побегнува. Сето тоа го гледа Цунига кој го упатува во притвор Хозе.\nВтор чин\nКрчмата на Лилас Пастја\, место каде се собираат контрабандистите. Данкаиро и Рамендадо со своите пријателки Фраскита и Мерцедес ја убедуваат Кармен да им се придружи во нивните акции. Но таа е тука за да се сретне со Хозе\, кој треба да излезе од притвор. Во крчмата пристигнува тореадорот Ескамилио дочекан со овации. Тој и се додворува\, но Кармен го одбива. Ескамилио си оди. Пристигнува Хозе. Тие остануваат сами искажувајќи ја својата љубов еден кон друг. Сцената ја прекинува војничката труба која ги повикува војниците на повечерие во касарната. Намерата на Хозе да оди во касарната ја прекинува Цунига кој упаѓа во крчмата со намера да се додворува на Кармен. Хозе во напад на љубомора вади нож да се пресмета со Цунига. Двобојот го прекинуваат контрабандистите. За Хозе повеќе нема избор - мора да замине со контрабандистите заедно со Кармен.\nТрет чин\nТемна ноќ во планинска клисура. Со контрабандистите се и Кармен и Хозе. Таа е оладена кон Хозе\, без респект кон неговата голема жртва. Нејзина нова љубов е тореадорот Ескамилио. Хозе е сам покрај стоките на контрабандистите. Длабоко замислен не ни претпоставува дека неговата свршеница Микаела тргнала по него\, носена од големата љубов и веста за смртната постела на мајката на Хозе. Таа се крие од појавата на Ескамилио кој е дојден на средба со Кармен. Хозе го забележува\, се нафрла со нож на него и го фрла на грб\, но од таа ситуација го спасува Кармен со кантрабандистите. Хозе е бесен и се нафрла и на Кармен со нож\, но помеѓу нив застанува Микаела. Со голем напор таа го убедува да дојде со неа. Одалечувајќи се\, Хозе се заколнува дека ќе се врати и ќе се освети.\nЧетврти чин\nПлоштад пред арената за борба со бикови во Севилја. Народот радосно го поздравува својот херој Ескамилио. До него е Кармен со сиот свој сјај\, горда и среќна. Другарките ја опоменуваат дека во публиката е Хозе\, но таа не обрнува внимание на тоа. Тргнува кон арената да ја поздрави новата победа на својот сакан. Кај влезот се сретнува со Хозе кој понизно ја моли да му се врати. Таа со презир го одбива и му го фрла прстенот кој тој и го подарил. Хозе избезумен и понижен\, вади нож и го забива во градите на Кармен. Паѓа на нејзините гради во силен плач.\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%b6%d0%be%d1%80%d0%b6-%d0%b1%d0%b8%d0%b7%d0%b5-1-12-2023/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2019/10/Carmen_12-11-1.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR