BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20230517T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20230517T220000
DTSTAMP:20260423T122820
CREATED:20230410T135901
LAST-MODIFIED:20230518T110046
UID:3754-1684353600-1684360800@operabalet.mk
SUMMARY:„Кармен“ - Жорж Бизе (17.5.2023)
DESCRIPTION:\nНАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ\n 51 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ\nЖорж Бизе\n „Кармен“\n17.05.2023г\, 20 часот\nДиригент: Даниеле Аџиман (Италија)\nРежисер: Нина Најденова (Бугарија)\nAсс.режисер : Љупка Јакимовски\, Трајко Јордановски\nСценограф: Елена Иванова (Бугарија)\nКостомограф: Марија Пупучевска\nКонцерт мајстор: Јане Бакевски\nХор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска\nСветло дизајн: Васил Лисичов\nАсс. Диригент – Катерина Стојковска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\, Јордан Петрушевски\nИспициенти: Љупчо Полизов\, Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\nСуфлер: Невена Георгиева\nНАСТАПУВААТ:\nКАРМЕН: Љубица Вранеш (Србија)\nДОН ХОЗЕ: Иван Момиров (Бугарија)\nЕСКАМИЛИО: Џанлука Фаила (Италија)\nМИКАЕЛА: Дешира Ахмети - Крлиу\nФРАСКИТА: Катерина Стојановска\nМЕРЦЕДЕС: Марика Поповиќ\nДАНКАИРО: Драган Ампов\nРЕМЕНДАДО: Дејан Стоев\nЦУНИГА: Ернес Ибраимовски\nМОРАЛЕС: Драган Ампов\nНастапува хорот\, балетот и оркестарот на Национална опера и балет и\nдетскиот  хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николвски – Луј“\, Скопје под раководство на Весна Димчевска.\n \nСИНПОСИС\n Прв чин\nПлоштад во Севилја пред тутунската фабрика. Војниците од стражарницата со нетрпение ја чекаат смената на стражата коментирајќи\nго раздвижениот народ. Дежурниот водник Моралес ја забележува селската девојка Микаела\, која е свршеничка на водникот Хозе.\nТаа дошла во градот да му донесе писмо на Хозе од неговата мајка. Трубата ја означува смената на стражата. Истовремено со\nдоаѓањето на новите војници предводени од Хозе\, фабричката сирена ја означува паузата за работничките во фабриката за тутун\, кои\nсе придружуваат на народот на плоштадот. Со нив е убавата и кокетна циганка Кармен\, која го забележува Хозе и со сензуален танц и\nпесна го провоцира фрлајќи му цвет. Хозе се однесува како да не го забележува тоа\, но по влегувањето на работничките во фабриката\nдолго го гледа цветот. Тоа го прекинува Микаела која му го одвлекува вниманието и му го дава писмото од неговата мајка. Сцената\nја прекинува тепачката помеѓу Кармен и една од работничките\, при што Кармен со нож ја ранила. Офицерот Цунига му наредува на\nХозе да ја уапси Кармен\, која и покрај се делува безгрижно пеејќи сегедилја. Низ песната и играта таа му ветува љубов на Хозе ако\nја ослободи. Му ветува средба во крчмата на Лилас Пастја. Хозе замаен и ги одврзува рацете и Кармен побегнува. Сето тоа го гледа\nЦунига кој го упатува во притвор Хозе.\nВтор чин\nКрчмата на Лилас Пастја\, место каде се собираат контрабандистите. Данкаиро и Рамендадо со своите пријателки Фраскита и Мерцедес ја\nубедуваат Кармен да им се придружи во нивните акции. Но таа е тука за да се сретне со Хозе\, кој треба да излезе од притвор. Во крчмата\nпристигнува тореадорот Ескамилио дочекан со овации. Тој и се додворува\, но Кармен го одбива. Ескамилио си оди. Пристигнува Хозе.\nТие остануваат сами искажувајќи ја својата љубов еден кон друг. Сцената ја прекинува војничката труба која ги повикува војниците на\nповечерие во касарната. Намерата на Хозе да оди во касарната ја прекинува Цунига кој упаѓа во крчмата со намера да се додворува на\nКармен. Хозе во напад на љубомора вади нож да се пресмета со Цунига. Двобојот го прекинуваат контрабандистите. За Хозе повеќе нема\nизбор - мора да замине со контрабандистите заедно со Кармен.\nТрет чин\nТемна ноќ во планинска клисура. Со контрабандистите се и Кармен и Хозе. Таа е оладена кон Хозе\, без респект кон неговата голема\nжртва. Нејзина нова љубов е тореадорот Ескамилио. Хозе е сам покрај стоките на контрабандистите. Длабоко замислен не ни\nпретпоставува дека неговата свршеница Микаела тргнала по него\, носена од големата љубов и веста за смртната постела на мајката на\nХозе. Таа се крие од појавата на Ескамилио кој е дојден на средба со Кармен. Хозе го забележува\, се нафрла со нож на него и го фрла на\nгрб\, но од таа ситуација го спасува Кармен со кантрабандистите. Хозе е бесен и се нафрла и на Кармен со нож\, но помеѓу нив застанува\nМикаела. Со голем напор таа го убедува да дојде со неа. Одалечувајќи се\, Хозе се заколнува дека ќе се врати и ќе се освети.\nЧетврти чин\nПлоштад пред арената за борба со бикови во Севилја. Народот радосно го поздравува својот херој Ескамилио. До него е Кармен со\nсиот свој сјај\, горда и среќна. Другарките ја опоменуваат дека во публиката е Хозе\, но таа не обрнува внимание на тоа. Тргнува кон\nарената да ја поздрави новата победа на својот сакан. Кај влезот се сретнува со Хозе кој понизно ја моли да му се врати. Таа со презир\nго одбива и му го фрла прстенот кој тој и го подарил. Хозе избезумен и понижен\, вади нож и го забива во градите на Кармен. Паѓа на\nнејзините гради во силен плач.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%b6%d0%be%d1%80%d0%b6-%d0%b1%d0%b8%d0%b7%d0%b5-17-5-2023/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2023/04/karmen-web_slide.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR