BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20200117T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20200117T213000
DTSTAMP:20260427T162446
CREATED:20191231T102657
LAST-MODIFIED:20200115T092801
UID:2623-1579291200-1579296600@operabalet.mk
SUMMARY:„КАРМЕН“ И „ВАЛПУРГИСКА НОЌ“ (балет 17.1.2020)
DESCRIPTION:\nКАРМЕН – Жорж Бизе\, Родион Шчедрин\nВАЛПУРГИСКА НОЌ – Шарл Гуно \nДиригент: Иван Еминовиќ\nКореограф: Габор Кевехази (Унгарија)\nСценограф: Марија Ветероска\nКостимограф: Марија Пупучевска\nРепетитори: Васил Чичијашвили(Грузија)\,Горан Божинов\, Лора Тарчуговска\, Билјана Пашариковска\nКонцерт мајстор: Верица Ламбевска\nДизајн: Емил Петров\n„Кармен“\nКармен: Мими Поп Алексова Атанасовска\nДон Хозе: Балаж Лашеи (Унгарија)\nЕскамиљо: Мирослав Митрашиновиќ\nЦунига: Игор Веланоски\n3 жени-бикови: Христина Наќевска\, Бојана Христовска\,Илијана Данилов\n„Валпургиска ноќ“\nВаханалка: Марија Кичевска Шокаровска (Христина Наќевска )\nНимфа I: Саша Евтимова\nНимфа II: Ивана Коцевска\nТројка - варијација: Игор Веланоски\, Илијана Данилов\, Ендру Кук\nМажи во црно: Мирослав Митрашиновиќ\,Кристијан Јангос\, Никола Орсо\nЗа „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“…\nСон на секој кореограф е да ги постави на сцена „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“\, бидејќи тие се две прекрасни дела\, од двајца музички великани\, Жорж Бизе и Шарл Гуно. Кога уметничкиот раководител на балетот на НОБ\, Олга Панго\, ми понуди заедничка соработка за овие две дела\, без размислување прифатив и веднаш започнав со подготовка на кореографијата. Оваа задача бараше од мене посебна инспирација\, бидејќи за овие две дела има постоечка кореографија од светски познати кореографи\, како што се: Алберто Алонсо\, Баланшин\, Матс Ек и др. Кога започнав со работа на кореографијата\, сфатив дека дури и не го познавам доволно балетскиот ансамбл на НОБ\, а мојата креативност секогаш е подобра\, кога правам кореографија според балетски играчи\, кои лично ги познавам. Затоа\, многу се подготвував дома\, само јас и музиката. И од таму\, кога почнав со работа со балетот во Скопје\, точно знаев што сакам да направам. Комбинирајќи различни стилови на движења\, сакам да презентирам чиста\, неокласична\, сложена технички и возбудлива кореографија за македонската публика. Би сакал да истакнам\, дека добив огромна поддршка од прекрасниот балетски ансамбл Националната опера и балет.\nВи посакувам долготрајно уживање и секако забавувајте се!\nГабор Кевехази – кореограф\nКармен – Шчедрин-Бизе\n(балет)\nЛиберто\nСцена.1\nПлоштад во Севилја. Меѓу народот е Кармен која се расправа со својата ривалка. Војниците на офицерот Дон Хозе добиваат наредба од Генералот Цунига да ја уапсат Кармен. Но\, итрата Кармен гледајќи ја страста во очите на младиот офицер го заведува се со цел да се ослободи од затвор. Во тоа успева играјќи заедно со него па де де. Хозе ја ослободува Кармен\, но му следи затвор по наредба на Цунига затоа што ја прекршил војничката заклетва. Како одговор\, Дон Хозе дезертира од војската.\nСцена 2.\nТаверната на Лилас Пастја. Пристигнува Кармен. Атмосферата е полна со страст. Влегува херојот на коридата\, тореадорот Ескамилио кој веднаш ја забележува Кармен. Другите девојки не го интересираат. Започнува жесток дует со Кармен полн со страст и ветување. Кармен е на пат кон нова љубов. Сцената ја прекинува влегувањето на Дон Хозе кој веднаш сфаќа дека неговите илузии за вечна љубов и неговите жртви се пропаднати.\nГо гледа неверството на Кармен кое го доведува до очај. Влегува во дуел со Ескамилио\, но брзо ќе се најде на подот. Кармен сепак не е бесчувствителна. Таа го прекинува дуелот и игра со Дон Хозе сакајќи да му каже дека е дефинитивно крај на нивната љубов. Хозе си заминува со поматени чувства. Кармен е сама на сцената со своите мисли.\nСцена 3.\nСцена пред арената во Севилја. Кармен пристигнува на средба со Ескамилио\, но наидува непомирливиот Дон Хозе\, очаен во својата немоќ и љубомора\, решен да го убие Ескамилио. Воден од очајот и беспомошноста\, го здогледува Ескамилио и го напаѓа со нож. Но судбината му го задава последниот удар. Наместо Ескамилио ја прободува Кармен која се обидува да ги раздели. Таа во крв паѓа пред Дон Хозе.\n„Валпургиска ноќ“ – Шарл Гуно\n(Балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно)\nНа 27 јануари 1949 година\, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот\, со „Валпургиска ноќ“\, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно\, во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.\n\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%b8-%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%bf%d1%83%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d1%9c-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82-17/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2019/09/carmen-valpurgiska1.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR