BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20170131T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20170131T230000
DTSTAMP:20260425T004802
CREATED:20161203T090243
LAST-MODIFIED:20170105T165052
UID:1020-1485892800-1485903600@operabalet.mk
SUMMARY:КЛЕОПАТРА - балет на Василиј Медведев (31.01.2017)
DESCRIPTION:\n\nКлеопатра - најмистериозна жена на античкиот свет\, легендарна освојувачка на срцата\, љубовница на Цезар и Марко Антонио\, последна владетелка на Египет - повеќе од две илјади години ги инспирира поетите\, сликарите\, композиторите и режисерите. Нејзиниот лик бил повеќе пати пресоздаван во сите видови на уметност\, а денес ние повторно се свртуваме кон историјата на прекрасната и таинствената Клеопатра.\n\nМузика: Нерија Цепаите Голдберг (Литванија)\nКореограф: Василиј Медведев (Русија)\nДиригент: Бисера Чадловска\nСценограф и костимограф: Павол Јураш (Словачка)\nЛибрето: Јана Темиз (Турција)\nАсистент кореограф: Станислав Фечо (Чешка)\nРепетитори: проф. Тања Вујисиќ Тодоровска\, Лора Трачуговска и Горан Божинов\nПрограмски организатор и реализатор: Даница Ковачевска\nСекретар за техничко – уметничка оператива: Милка Салапура Каникова\nКоординатор на Балет: Дафина Данилоска – Кочевска\nКорепетитори: Марјан Василевски и Стефан Пехчевски\nРепетитори на деца од ДМБУЦ: Соња Здравкова Цепароска\, Маја Митровска - Богојевска и Сања Шутевска.\nИспициент: Дубравка Шопова\nКонцерт мајстор: Климент Тодороски\nСветло мајстор: Милчо Александров\n\n \n\nНАСТАПУВААТ:\n\nКлеопатра: Александра Мијалкова\nЦезар: Васил Чичијашвили (Грузија)\nМарк Антони: Бобан Ковачевски\nОктавија: Марија Кичевска Шокаровска\nЗмија: Мими Поп Алексoва Атанасовска\nОктавијан: Киро Павлов\nАполодор: Дојчин Дочев (Бугарија)\n\nЧетворка РОБИНКИ: Билјана Басмаџиева\, Дафина Данилоска-Кочевска\, Маја Митровска-Богојевска\, Марина Анастасовска\n\nЧетворка   ВОЈНИЦИ: Игор Велановски\, Јан Кисилев\, Ендру Кук\, Андреј Литвиненко \,Тетсуа Имура\, Светлин Стојанов\n\nСоло Ваханалија: Саша Евтимова\, Игор Велановски\n\nСОЛО влез на Клеопатра: Мими Поп Алексова Атанасовска\, Марија Јосифовска-Ристовска\, Ивана Коцевска\, Саша Евтимова\, Андријана Петковски\, Игор Велановски\, Тетсуа Имура\n\nСвештеник: Киро Павлов\n\nТеодот: Горан Божинов\n\nНастапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ\n\n \n\nЗа балетот\, премиерата...\n\nНа новиот балет\, кој се создава специјално за Македонската опера и балет\, работи меѓународен тим на автори од пет земји. Ние замисливме голема\, грандиозна претстава\, разнобојно шоу\, кое во нешто излегува од рамките на обичниот класичен балет\, со кинематографски ефекти\, фантастично светло и звук\, со користење на нови технологии\, и се надеваме дека нашиот спектакл ќе биде достоен на императорката на која е тој посветен.\nОва е светска премиера\, за која што познатиот композитор од Литванија Нериа  Голдберг (Чепајте) напишал прекрасна музика\, а писателката од Турција Јана Темиз создала ново либрето. Со спектаклот ќе диригира Александр Аниссимов од Белорусија\, маестро со светско реноме. Во балетот\, се разбира\, протагонист е кореографот: „Клеопатра“ ја поставува петербуршкиот балет мајстор со светско име - Василиј Медведев\, познат по своите поставки во Бољшој театар\, во Државниот балет во Берлин и на многу други сцени во светот. Неговиот стил е најдобро прилагоден за таквиот балет: Медведев работи во духот на неокласика\, затоа сите негови поставки\, како по правило\, им се допаѓаат не само на познавачите на балетот и критичарите\, туку ги полнат салите со одушевени гледачи. Неговиот незаменлив асистент е кореографот и педагогот од Чешка - Станислав Фечо. Многу важна улога во било кој спектакл со историска тематика ја има визуелното обликување - на тоа работи познатиот словачки уметник Павол Јураш: тоа се околу четиристотини рачно изработени костими и четиринаесет роскошни променливи декорации.\nВо спектаклот се ангажирани оркестар\, хор\, балетски групи (околу тристотини луѓе на сцена!)\, мимичари и циркуски уметници\, фолклорни групи\, дури и дресирани животни... нема да ги издаваме тајните на идната претстава\, но мислиме дека појавата на прекрасната Клеопатра во главниот град на Македонија нема да биде помалку роскошно и спектакуларно од нејзиното познато освојување на Рим.\n\n \n\nЗа јубилејот - 25 години уметничка дејност на Александра Мијалкова - Примабалерина\nИ\, конечно\, неколку зборови за нашата главна хероина - не за царицата на Египет\, туку за онаа\, заради која и се создава нашиот нов балет.\nТоа е прекрасната балерина Александра Мијалкова\, оваа година театарот ја одбележува нејзината дваесет и пет годишнина на сцената\, и нашиот спектакл фактички е посветен на овој јубилеј. Кореографот Василиј Медведев и порано работел со Александра\, и веќе тогаш\, за време на поставувањето на „Дамата со камелии“ ние мечтаевме да создадеме оригинален\, нов балет - специјално за Александра\, па во светот има многу примери кога балетот се создава заради една истакната танчерка. Ние имавме многу идеи и варијанти\, но на крајот изборот падна на Клеопатра - наследничка на Александар Македонски\, чија слава на убавината преживеала не со векови\, туку со милениуми.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d0%be%d0%bf%d0%b0%d1%82%d1%80%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98-%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%b2-31-01/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2016/11/Web-banner-2-876x390-ENG.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR