BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20181003T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20181003T211000
DTSTAMP:20260620T001404
CREATED:20180910T205702
LAST-MODIFIED:20180925T140742
UID:1878-1538596800-1538601000@operabalet.mk
SUMMARY:Либертанго (03.10.2018)
DESCRIPTION:Музика: Астор Пјацола\nКореографија: Сабрина Боско (Италија)\nРежија и либрето: Наташа Поплавска\nСценографија и костимографија: Алексндар Ношпал\nАсистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго\nАсистент на сценограф: Михајло Стојановски\nАсистент на костимограф: Андреј Георгиевски\nРепетитор: Билјана Пашариковска\nДизајн: Емил Петров\n\nНастапуваат:\nАсунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова\nВисенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)\nМарија Нивес Рего: Мими Поп Алексова Атанасовска\nХуан Карлос Копес: Игор Веланоски\nКарменсита Калдерон: Наташа Јосифовска\nДеде Вулф: Саша Евтимова\n3 гангстери и танго-танчари: Ендру Кук\, Јан Кисилев\, Мирослав Митрашиновиќ\nПјацола дете: Марко Здравковски\nПјацола млад: Симоне Џиролети (Италија)\nПјацола стар: Драган Кочоски\n3 шпански чинас-жени: Билјана Басмаџиева\, Христина Наќевска\, Бојана Христовска\n3 аргентински лорас-жени: Маја Митровска Богојевска\, Мила Ниновска\, Илијана Данилов\n6 аргентински танго-танчарки: Ирена Макеларска\, Ангела Велевска\, Ангела Богатиновска\, Симона Митовска\, Ивана Димкоска\, Меланија Гоцевска\, Матеа Каревски\nИталијански емигрантски фамилии и танго-танчари: Маја Митровска Богојевска\, Дафина Данилоска Кочевска\, Марина Анастасовска\, Александра Ѓореска\, Габриела Павловска\, Meдина Јусуфовиќ\, Мартин Саздовски\, Кристијан Јангос\, Агим Бафтии\, Борјан Тетиев\, Никола Орсо\, Тодор Стојанов\, Андреј Литвиненко\n\n \n\n \n\n“ЛИБЕРТАНГО” не води низ приказна која ни го покажува создавњето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста\, желбата\, љубомората\, љубовта\, привлекувањето...\nВо почетокот на минатиот век во Аргетина често има прилив на емигранти од Европа\, а најмногу од нив биле италијанци и шпанци. Аргентина е новата ветена земја\, земја која им давала надеж на сиромашните италијани\, емигранти кои во почетокот на дваесетиот век тргнале да бараат подобар живот.\nОваа приказна ни го покажува патот на италијанската фамилија Пијацола. Висенте и Асунта\, родителите на познатиот композитор Астор Пијацола\, кои ја наоѓаат Аргентина за земја на нивната иднина.\nМајката на Астор\, Асунта Пијацола е пријателка со познатата италијанска танчерка Каменчита Кармен Калдерон која е една од првите танго танчерки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчери. Пренесувајќи ги танго чекорите на Асунта и Висенте Пијацола тие заедно го развиваат овој танц.\nВо дваесетите години на дваесетиот век во Аргентина се танцуваат различни танци. Се појавуваат женските танци на шпанските емигрантки кои ги изгубиле своиуте мажи во битки\, а ги викале “чинас” жени\, како и танците на девојките “лорас” кои танцувале со часови во Аргентинските барови. Истоврмено во аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Овие три народи\, кои се наоѓаат заедно во страсната Аргентина како оддишка од тешките животи и макотрпната работа\, почнуваат наместо битки да танцуваат и пеат заедно.\nТака на сцената се појавува и прекрасната аргентинска танго танчерка\, Мариа Нивес која со својот парнер Хуан Kарлос го развиваат танго танцот и го презентираат ширум светот. Преку нив\, Калдерон и Пијацола тангото во Аргентина ќе го достигне својот пиедестал.\nНиз тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон\, уште како дете почнува да ужива во танго нотите\, џез музиката како и класичната музика. Растејќи по улиците на Буенос Аирес\, поддржан од свите родители се повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и неговата прва љубов\, Деде Вулф со која што подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот кој го игра и неговата мајка Асунта и најзината пријателка Калдерон\, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции. Тангото долго време е инспирација на младиот Пијацола. Низ приказната на неговите родители\, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката\, Астор расте\, а со него расте и тангото ширум светот.\nПонесен од играта и страста на младата танчерка Марија\, таткото на Астор поаѓа да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во “Кафе барот - Буенос Аирес”. Во најпознатиот “Kафе бар - Буенос Aирес” за прв пат ќе се спојат неколку различни танго играчи\, Висенте\, Карлос\, Калдерон\, Асунта и Мариjа\, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчери.\nНеговииот дух полн со страст и љубов се распостила по целиот свет\, преку неговата музика. ЛИБЕРТАНГОТО на големиот Астор Пијацола кој се раѓа токму во Буенос Аирес\, каде што живее и твори музика отвора нов правец во тангото\, наречен “Ново танго” (Nuevo tango). Со развивањето и растењето на овој редок и светски познат композитор се преплавуваaт светската музичка и танцова сцена\, со неговите звуци\, а тангото останува вечно на пиедесталот.\nМузиката на Пијацола ги спојува џезот\, класиката и музика на три народа: Италија\, Шпанија и Аргентина.\nЖивеејќи помеѓу улицата\, клубот\, музиката и танцот\, класиката\, џезот\, универзитетот и талентот\, помеѓу Буенос Аирес и Париз\, Астор Пијацола го создава една од најубавите танго компзиции на 20- тиот век\, ЛИБЕРТАНГО.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%bb%d0%b8%d0%b1%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%be/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2018/06/libertango_web.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR