BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20250625T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20250625T223000
DTSTAMP:20260423T100029
CREATED:20250602T104513
LAST-MODIFIED:20250625T102428
UID:4558-1750881600-1750890600@operabalet.mk
SUMMARY:„Госпоѓа Бовари“ -БАЛЕТСКА ПРЕМИЕРА (25.6.2025)
DESCRIPTION:\n„Госпоѓа Бовари“\nОдбележување 25 години уметничка дејност на Марија Кичевска Шокаровска\n25.6.2025\, 20 часот – премиера\nМузика: Камиј Сен-Санс\, Морис Равел\, Жил Масне\, Феликс Менделсон\, Георг Фридрих Хендл\nДиригент: Едуард Амбарцумјан (Ерменија)\nКореограф: Виктор Ишчук (Украина)\nЛибрето: Според романот „ Госпоѓа Бовари “ на Густав Флобер\nСценограф: Андреј Злобин (Украина)\nКостимограф: Гана Ипатиева (Украина)\nГенерален менаџер на проектот: Киро Павлов\nАсистент-кореограф: Владимир Борисов (Украина)\nАсистент-костимограф: Марија Пупучевска\, Ангела Богеска\nРепетитори: Александра Мијалкова\, Васил Чичиашвили\, Владимир Борисов (Украина)\nДафина Данилоска – Кочевска\, Марија Јосифовска Ристовска\, Билјана Басмаџиева Ковачевски\nКонцерт мајстор: Климент Тодороски\nПијанист: Андреја Наунов\nСветло дизајн: Милчо Александров\nИнспициенти: Тијана Тарчуговска Георгиева\nКорепетитори: Марјан Василевски\, Стефан Пехчевски\n Во главните улоги:\nЕма Бовари: Марија Кичевска Шокаровска\nШарл Бовари: Франциско Хименез Руиз\nРудолф Буланже: Балаж Лочеи\nТрговецот Лере (шеф на кабаре): Дмитро Чеботар\nАптекар Оме: Ендру Кук\nНастапуваат солисти\, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет\nВреметраење: I чин еден час\nпауза\nII чин еден час\n \n„Госпоѓа Бовари“ - Балет во два чина според романот на Густав Флобер (1857)\nЛикови:\nЕма Бовари – млада жена опседната со соништата за романтична љубов и светски живот\nШарл Бовари – нејзин сопруг\, провинциски лекар\, добродушен\, но едноставен\nРудолф Буланже – шармантен аристократ и заводник\nТрговецот Лере (шеф на кабаре) – продавач кој нуди богатства за долгови\nДоктор Оме – селски аптекар\, прониклив и разговорлив\nМаркизот и баронесата – домаќини на свечениот бал\nАнотација\nМладата и мечтателна Ема Бовари се гуши во бракот со Шарл чесен\, но здодевен провинциски лекар. Наспроти сивите денови во провинцијата\, нејзината фантазија е исполнета со визии за страст\, балови и париски раскош. Но на патот кон тие соништа\, Ема се нурнува сè подлабоко во самоизмама\, прељуби\, финансиски долгови и на крајот трагедија.\nЧин I\nСцена I: Бал во замокот\nЕма и Шарл се поканети во замок каде што светат лустери\, свири музика и парови се вртат во танц\, тоа е животот од соништата на Ема. Таа е како во бајка. Но\, враќајќи се во својот скромен дом\, сè повторно тоне во тишината и здодевноста на провинцискиот живот.\nСцена II: Нови познанства\nНејзиниот свет е ограничен на сопругот\, аптекарот Оме и трговецот Лере. Но случајот носи ново лице: Рудолф Буланже\, благородник кој доаѓа по лекарска помош. Меѓу него и Ема веднаш се создава искра. Неговите манири и приказни за Париз ја фасцинираат. Таа со трепет ја очекува новата средба.\nСцена III: Продавницата на Лере\nЖелна да го импресионира Рудолф\, Ема оди кај Лере\, опкружена со ткаенини\, накит и луксуз. Сфаќа дека тоа не може да си го дозволи. Лере ѝ нуди кредит под залог на имотот на Шарл. Под притисок\, таа прифаќа.\nСцена IV: Шеталиште во парк\nЗа време на прошетка со влијателни гости\, Ема се зближува со Рудолф. Се оддалечуваат и страста се распламтува.\nЧин II\nСцена I: Домот на Рудолф\nСега Ема често исчезнува од дома\, предавајќи се на љубов во домот на Рудолф. Тие пеат дует на страст и ветувања. Рудолф ѝ ветува дека ќе ја однесе во Париз.\nСцена II: Забава во кабаре\nНа разуздана забава организирана од Лере\, Ема и Рудолф се губат во вртлогот на страстите. Во меѓувреме\, Оме му ги покажува на Шарл доказите за предавството. Шарл ја затекнува Ема во кабарето. Иако повреден\, тој ја моли за прошка. Ема го отфрла и објавува дека оди со Рудолф.\nСцена III: Крахот на илузијата\nЛере ги бара парите. Ема се обраќа до Рудолф\, но тој\, гледајќи ја без пари\, се повлекува. Очајна\, Ема го гледа самоубиството како единствен излез.\nСцена IV: Епилог\nШарл\, скршен од болка\, губи сè\, сопругата\, домот\, себе. Останува сам\, во свет без надеж.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%bc%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d0%bc-%d0%b1%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b0-25-6-2025/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2025/06/bovari_slide.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR