BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20240423T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20240423T213000
DTSTAMP:20260423T100004
CREATED:20240325T112418
LAST-MODIFIED:20240328T095130
UID:4030-1713902400-1713907800@operabalet.mk
SUMMARY:МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО - (23.4.2024)
DESCRIPTION:\n23.4.2024\, 20 часот\nМолитви на моето тело\n(балетска претстава по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов)\nПретставата е во рамките на „Танц Фест“ Скопје\, 2024\n„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.\nПоследна премиера на НУ. Национална опера и балет за 2023 година и завршен настан со кој се затвора јубилејот повод одбележување 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.\nКреативен тим:\nИдеја за проект и костимограф: Александар Ношпал\nДраматург: Соња Здравкова-Џепароска\nКореографи: Ивана Коцевска\, Адријана Данчевска\, Саша Евтимова\nКомпозитори: Дарија Андовска\, Александар Гроздановски\, Александар Пејовски\nСценограф: Михалјо Стојановски\nВизуелен уметник: Флоријан Чанга (Р. Албанија)\nМонтажа на филм: Доријан Миловановиќ\nМултимедија и графички дизајн: Лазе Трипков\nПоетско читање: Никола Ристановски\nАсистент костимограф: Ангела Богеска\nСветло: Јакуп Јакуп\, Нино Митевски\, Перо Марачков\nИнспициенти: Дубравка Шопова и Тијана Тарчуговска Георгиева\nКорепетитори: Марјан Василевски и Стефан Пехчевски\nМОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО\nбалетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шоповпо повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот\nЦИКЛУС - РАЃАЊЕ (NATIVITAS)\nПрва едночинка: кореограф: Ивана Коцевска композитор: Дарија Андовска\nЦИКЛУС - ПРЕПЛЕТУВАЊЕ\nВтора едночинка: кореограф: Адријана Данчевска композитор: Александар Гроздановски\nЦИКЛУС - ВОЗНЕС (IN PERPETUM)\nТрета едночинка: кореограф: Саша Евтимова композитор: Александар Пејовски\,\nИзведува диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ\, солист: Катерина Грковска (сопран)\, органа: Јанинка Невчева\, харфа: Сара Мејс\, пијано\, гудачки оркестар и трака. Тонски снимател: Ален Хаџистефанов. Користена е музика од албумот ФИРОМ Реквием.\nАсистент кореограф: Ксенија Синџиќ (Р. Црна Гора)\nНастапуваат првенците\, солистите и ансамблот при балетот на НУ Национална опера и балет\nМОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО\nБалетски триптих\nСоздавањето на драматуршка предлошка на поезијата на Шопов беше екстатичка игра co значења\, состојби\, емоции\, нијанси\, ароми\, бои\,... Тоа е опоен процес на продирање во најдлабоките химери на неговата поетска реч\, но при тоа погледнати преку диоптријата на обликовната матрица на едно сценско дело. Поаѓајќи од танцовиот изведувачки дискурс идеја беше да се постигне преведување\, конвертирање на зборот во движење.\nПретставата е втемелена на дванаесет песни на Ацо Шопов\, единаесет од циклусот Молитви на моето тело и песната Раѓање на зборот\, која мошне природно се надоврза на циклусот. Песните на Шопов се моќни\, но едновремено интимни приказни пресликани во еден нов\, поинаков медиум. Поетот го поставува телото во својот поетски интерес\, телото од друга страна е алатка\, знак во танцовата уметност. Поради тоа соединувањето на зборот на Шопов и идејата за телото како негова појдовна инспиративна парадигма\, со танцот како јазик се одвиваше природно и мошне органски. Претставата стреми кон креирање на перформативна алхемија\, симбиоза на изрази\, современ синкретизам.\nЗа потребите на претставата песните се организирани во триптих\, од коj секој дел содржи по четири песни поврзани во тематско-функционална рамка. Трите тематските циклуси се конектирани со идејната нитка која се пројавува во секој од нив именувани раѓање\, преплетување и вознес. Предложеното групирање не е идеално само во однос на некаква математичка делба\, туку многу повеќе во содржинска смисла\, која резултира со одлична функционалност на песните како засебни потцелини. Трите пластови имаат своја ознака и тематска полнетица. Во секој од нив има флуктуација од вовед преку своевидна кулминација и разрешување во повторно возвишување на следниот циклус.\nЈачината на поезијата на Шопов како драматург ме натера да направам една нестандардна интервенција вклучувајќи ја вербалната компонента односно изговорените сегменти од неговата поезија вградени во музиката\, сцените или како писмо присутни во сценскиот дизајн што даде еден особен квалитет на претставата.\nСоња Здравкова-Џепароска\n \n
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%bc%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b5%d1%82%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be-23-4-2024/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2023/09/web-Molitvi-na-moeto-telo-final-copy.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR