BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20250128T133000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20250128T153000
DTSTAMP:20260423T124246
CREATED:20250124T143559
LAST-MODIFIED:20250124T143559
UID:4407-1738071000-1738078200@operabalet.mk
SUMMARY:ОРЕВОКРШАЧКА - Петар Илич Чајковски (28.1.2025-13:30ч.)
DESCRIPTION:\nПетар Илич Чајковски\nОРЕВОКРШАЧКА\n28.1.2025\, 13:30 часот\nКореограф: Василиј Иванович Ваинонен (Русија)\nКореографска адаптација: Михаил Крапивин (Русија)\nСценограф: Анатолиј Нежњи (Русија)\nКостимограф: Љупка Ристовска\nРепетитори: Володимир Борисов (Украина)\, Александра Мијалкова\, Горан Божинов\, Дафина Данилоска-Кочевска\, Саша Евтимова\, Марија Јосифовска Ристовска\, Маја Митровска-Богојевска\nВо главните улоги:\nКлара: Марија Кичевска Шокаровска\nПринц: Франциско Хименес Руиз (Шпанија)\nНастапуваат првенците\, солистите\, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“\nСинопсис „Оревокршачка“\nI чин\nДејството се одвива во старо германско гратче\, на почетокот на минатиот век. Вечер\, приквечерие на Божиќ. Улицата е весела и празнична. Меѓу поканетите на празникотоколу елката присутен е и стариот мајстор на играчки\, пријател на децата Дросермаер. Гостинската соба на семејството Шталбаум е украсена празнично. Се собираат гостите. Влегува и Дросермаер\, кој со себе носи подароци. Се е подготвено за празникот. Влегуваат деца. Почнува играта криенка. Им се придружува и Дросермаер\, му ги врзуваат очите и прв ја фаќа Клара\, ќерката на Шталбаум. По играта почнуваат танците. Се појавува Дросермаер во костим на магионичар. Ги покажува своите магии и изведува куклена претстава. Кралот на глувците сака да ја украде принцезата\, но храбрио Оревокршач го убива кралот на глувците. Дросермаер неуморно измислува други игри. Тој им ја покажува на децата куклата - Мавар на навивање. На Клара најмногу и се допаѓа Оревокршачот. Франц и го одзема на Клара Оревокршачот\, но во неговите раце останува само откачената глава на куклата. Дросермаер бргу ја поправа куклата. Клара го гали и го смирува навреденото љубимче. Доцна е\, гостите си заминуваат. Балот завршува со танци. Клара се збогува со Оревокршачот\, се гасат светилките на елката. Дадилката ја води Клара на спиење. Таа сонува сон како глувците ја окупираат гостинската соба\, на чело со нивниот крал. Оревокршачот ги предводи оловните војничиња и напаѓа.\nКлара оди по него\, го пребродува стравот\, решително го фрла чевличето кон кралот на глувците и така го спасува Оревокршачот. Кралот на глувците е поразен и со својата војска исчезнува. Дросермаер ја претвора Клара во прекрасна девојка\, а Оревокршачот во прекрасно момче. Почнува патешествието во земјата на бајките. Паѓа снег…\nII чин\nКлара и Оревокршачот се наоѓаат на волшебниот остров. Почнува празникот. Клара и Оревокршачот се среќни. Танцуваат заедно со сите. Се ближи утрото. Волшебниот сон завршува\, Клара се буди.
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%be%d0%ba%d1%80%d1%88%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%87-%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-28-1-2025-13/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/01/orevokrshacka.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR