BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20261212T193000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20261212T220000
DTSTAMP:20261126T152313
CREATED:20261126T121852
LAST-MODIFIED:20261126T140552
UID:5112-1797103800-1797112800@operabalet.mk
SUMMARY:ОРЕВОКРШАЧКА - П. И. Чајковски (12.12.2026)
DESCRIPTION:\nПетар Илич Чајковски\nОРЕВОКРШАЧКА\n12.12.2026. 19.30 часот\nБалет во два чина\n“Балетска фантазија за соништата\, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме.”\nДиригент: Едуард Амбарцумјан (Ерменија)\nКореограф: Саша Евтимова\nЛибрето: Саша Евтимова\nСценограф: Марија Ветероска\nКостимограф: Марија Пупучевска\nКонцерт мајстор: Јане Бакевски\nАсистент кореограф: Дмитро Чеботар\nАсистент кореограф на учениците од балетски оддел: Маја Митровска Богојевска\nНАСТАПУВААТ:\nУчествуваат истакнати солисти\, солисти и ансамблови играчи\, оркестарот и хорот на Национална Опера и Балет и ученици од основен оддел балет од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“\n \nОРЕВОКРШАЧКА\nБалет за невиноста\, имагинацијата и љубовта што преживува над времето\nВо оваа нова поетска интерпретација на класичниот балет\, Оревокршачка станува балет за патувањето помеѓу сонот и јавето\, детството и будењето\, невиноста и откровението.\nНа снежниот плоштад\, во пресрет на Бадник\, малиот град е жив со светлина\, музика и мирис на празник. Меѓу толпата се појавува мистериозниот Дроселмаер – чувар на тајните патишта меѓу светот на реалноста и имагинацијата. Со него е неговиот внук\, млад човек со благороден дух. Клара\, девојка со отворено срце и детска радозналост\, го среќава токму таму – и во мигот на нивниот прв поглед\, започнува нејзиното патување кон непознатото.\nВо домот на Сталбаум\, во блесокот на божиќната ноќ\, Дроселмаер ѝ подарува на Клара еден посебен дрвен Оревокршач\, велејќи дека тој го чува срцето на сонувачот. Кога полноќ ќе го замолчи светот\, невиноста се преобразува во чудо: играчките оживуваат\, а Оревокршачот се претвора во Принц – во ликот на нејзината прва љубов.\nБитката со Кралот на глувците станува симбол на внатрешна храброст: Клара\, водена од љубов и вера\, ја победува темнината и влегува во Снежното царство – место на тишина и светлина. Снежниот Крал и Кралицата\, вечни чувари на рамнотежата\, го отелотворуваат преминот меѓу јавето и сонот. Снегот не паѓа само над сцената\, туку врз границата меѓу световите – таму каде што реалноста замолкнува\, а имагинацијата започнува да зборува.\nВо вториот чин\, Клара и Принцот пристигнуваат во Волшебното царство каде што владее Самовилата од шеќерна волна – осамена и обвиена во сеќавање. Нејзината варијација е тажен танц за изгубената љубов\, молитва за повторно будење. Клара\, со својата чистота и добрина\, ја оживува магијата на светот; секој дивертисмент станува спомен од посреќни времиња – радост која повторно дише преку нејзиниот сон.\nВо моментот на препознавање\, Самовилата од шеќерна волна сфаќа дека Принцот пред неа е нејзиниот изгубен Кавалер. Гранд па де де-то не е само танц на виртуозност\, туку литургија на љубовта што ја надживеала смртта и времето. Целото царство слави – не за спектакл\, туку за благодарност.\nНаутро\, Дроселмаер нежно ја води Клара назад низ светот на сонот. Таа се буди под елката\, држејќи го својот Оревокршач. Надвор снегот сјае\, а низ прозорецот ѝ се насмевнуваат Самовилата и Кавалерот – благослов од еден друг свет. Светот околу неа е ист\, но нејзиниот поглед е променет. Таа разбира дека љубовта и соништата не исчезнуваат со будењето – тие продолжуваат да живеат во срцето на оној што верува.\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%be%d0%ba%d1%80%d1%88%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bf-%d0%b8-%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-12-12-2026/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2026/02/WEB-orevokrsacka-banner.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR