BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20251107T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20251107T213000
DTSTAMP:20260423T111234
CREATED:20251008T112355
LAST-MODIFIED:20251009T084148
UID:4742-1762545600-1762551000@operabalet.mk
SUMMARY:„ПАЛЈАЧИ“ - Руџеро Леонкавало (7.11.2025)
DESCRIPTION:\nРуџеро Леонкавало\n„ПАЛЈАЧИ“\n7.11.2025г  -20:00\nДиригент: Кочар Балаж - Унгарија\nРежисер:  Дејан Прошев\nАсс.Диригент: Катерина Стојковска\nАсс.режисер: Трајко Јордановски\, Љупка Јакимовска\nСценограф:  Илина Ангеловска\nКостимограф: Никола Булевски\nКонцерт-мајстор: Климент Тодороски\nАсс.хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\,\nАндреја Наунов\, Aнастасија Грговска\nИнспициенти: Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\, Катерина Бошковска\nСуфлер:  Невена Георгиева\nНАСТАПУВААТ\nНеда – Дешира Амети Крлиу\nКанио –Антонело Паломби ( Antonello Palombi) - Италија\nТонио – Марјан Јованоски\nСилвио – Драган Ампов\nАрлекин – Јане Дунимаглоски\n Настапува хорот и оркестарот на Национална опер и балет\n \nПАЛЈАЧИ\n(синопсис)\nПролог\nПред завеса.\nПатувачкиот актер Тонио им раскажува на гледачите дека драмата која ќе се игра е исполнета со вистинити чувства и страдања на нејзините јунаци. Обичните комедијанти\, исто така\, имаат душа која сега ќе ја отворат пред публиката…\nПрв чин\nВо италијанското село пристигнува патувачката трупа составена од Канио газдата и главниот актер\, неговата жена Неда и актерите Тонио и Бепо. Селаните\, во исчекување на добра забава\, ги поздравуваат и покануваат во таверна.\nТонио ја одбива поканата. Селаните се смејат: сигурно тој сака да остане насамо со убавицата Неда\, додека сопругот се гоштева. Но Канио ги прекинува: тој искрено ја сака својата жена и и верува\, но во случај на неверство ќе биде страшен во својата одмазда\nНеда останува сама. Таа е со помешани чувства. Во ова село ја чека нејзиниот сакан-младиот селанец Силвио. Борејќи се со лошите претчувства\, Неда пее за птици слободни да летаат насекаде…\nПеењето на Неда го пленува Тонио. Тој смогнува сили конечно да и ги открие своите чувства но горделивата убавица му се потсмевнува на грдиот кловн. Тонио ја моли да биде сфатен сериозно\, но ударот со камшик го враќа во реалноста. Навреден и огорчен\, тој се колне дека ќе се одмазди.\nСе појавува Силвио кој ја моли Неда да го напушти мажот и трупата и да замине со него. Тонио скриен ликува. Неговиот гнев започнува да ја реализира одмаздата . . .\nВљубените нежно се разделуваат\, кога неочекувано се појавува разбеснетиот Канио (Тонио успеа да му соопшти за неверството) и го напаѓа Силвио. Тој успева да побегне и Канио се свртува кај Неда: кој е нејзиниот љубовник?! Кога таа одбива да одговори\, Канио вади нож…Бепо го запира\, а Тонио се труди да го смири: сигурно\, непознатиот ќе се појави на вечерната претстава и ќе се разоткрие. Сите\, освен Канио\, брзаат на претставата. Публиката чека! Канио е скршен. Најстрашно е дека тој треба да го облече костимот на шут и да ја забавува публиката\, криејќи ја својата болка: „Смеј се\, палјачо\, на својата тага…”\nВтор чин\nПретставата само што не отпочнала. Посетителите влегуваат\, меѓу нив е и Силвио. Неда\, собирајќи пари\, го предупредува за опасноста. Публиката е нетрпелива\, но\, еве\, конечно\, се крева завесата…\nСцената е наместена како мала соба. Коломбина (Неда) мечтае за Арлекин\, додека мажот\, Палјачо не е дома. Оддалеку се слуша серенадата на Арелкин. Влегува слугата Тадео (Тонио). Коломбина е сама. Тој се осмелува да и каже за својата љубов\, поткрепувајќи го признанието со кошница со храна…\nНа прозорецот се појавува Арлекин. Тој го исфрлува обожавателот на Коломбина\, но\, сепак\, му доверува да чува стража. Љубовниците започнуваат со вечерата\, но уплашениот слуга го најавува разбеснетиот Палјачо (Канио) кој влегувајќи\, го бара љубовникот на својата жена…\nБесот на Палјачо веќе не е актерска игра. Зборовите со кои Коломбина го испрати Арлекин се скоро исти со оние на Неда при разделбата со непознатиот…Канио\, обземен од љубомора\, и бара од Неда да го каже името. Неда сеуште се обидува да ја спаси претставата и низ игра го исмејува Палјачо. Канио се колне дека со крв ќе го измие срамот – публиката одушевено ракоплеска. Тој за последен пат го бара името\, но Неда гордо молчи. Гледачите забележуваат дека нешто не е во ред – но Неда веќе е прободена со ножот. Силвио истрчува на сцената обидувајќи се да ја спаси\, но и тој е прободен…Луѓето се ужаснати. Избезумениот Канио во плач и болка го фрла ножот извикувајќи – „Комедијата заврши” .\n 
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d1%98%d0%b0%d1%87%d0%b8-%d1%80%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%80%d0%be-%d0%bb%d0%b5%d0%be%d0%bd%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%be-7-11-2025/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2021/09/Pagliacci-web.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR