BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20160907T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20160907T213000
DTSTAMP:20260425T010918
CREATED:20160829T101254
LAST-MODIFIED:20160905T074841
UID:648-1473278400-1473283800@operabalet.mk
SUMMARY:"ПЕСНИ ОД СРЦАТА" - гостување во Битола
DESCRIPTION:07.09.2016 (20 часот) НУ Центар за култура Битола\n\nСолисти: Ана и Игор Дурловски\nДиригент : Иван Еминовиќ\nРежисер: Дејан Прошев\nГости :Женскиот камерен хор “Херувими”\nНастапува оркестарот на МОБ\n\nПо повод 25 години од независноста на Р.Македонија\, На 7 септември во Центар за култура - Битола\, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет\, а под палката на маестро Иван Еминовиќ\, како солисти ќе настапат македонските и светски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски. Концертот\, во едно поинакво руво\, ќе ги донесе едни од најубавите љубовни песни од македонската музичка традиција.\n\n„Песни од срцата“ е музички проект што во себе ги инкорпорира едни од најубавите љубовни песни изнедрени од народната македонска музичка традиција. Нивната навидум едноставна лирика\, полна со скриени пораки\, нивната звучна колоритност\, како и силната експресија на народниот бит врежан во нашата колективна меморија\, едноставно - нивната магија\, овој пат ќе биде донесена во едно поинакво руво. Љубовта\, онаа наивна\, чиста\, недопрена\, онаа остварената\, но и неостварената\, копнежот\, страста\, а од друга страна зависта\, па и болеста и смртта\, или чувството на љубовта во сите нејзини варијанти\, ќе биде испеано од славните оперски грла на Ана и Игор Дурловски. Уникатноста на овој музички настан ја дава токму спојот на италијанското бел канто\, со кое се посветува внимание на убавината на тонот\, со звуците на традиционалната мелоритмика.\n\nКако гости на концертот ќе настапи женскиот камерен хор "Херувими" со обработка на староцрковни македонски напеви. Автор на сите аранжмани е македонскиот истакнат композитор Сони Петровски.\n\n[envira-gallery id="654"]
URL:https://operabalet.mk/event/%d0%bf%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%81%d1%80%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0/
LOCATION:Битола\, Macedonia
CATEGORIES:концерт
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2016/08/ANA-IGOR-KONCERT1.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR