BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20170509T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20170509T230000
DTSTAMP:20260601T225125
CREATED:20170421T083008
LAST-MODIFIED:20170505T093312
UID:1285-1494360000-1494370800@operabalet.mk
SUMMARY:ТРАВИЈАТА - ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ (ПРЕМИЕРА)
DESCRIPTION:\nЕден од темелите на светскиот оперски репертоар\, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика\, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните\, и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди. Македонската публика секогаш со восхит ја дочекува Ана Дурловски\, сопранот што продолжува да остварува блескави успеси на светската оперска сцена воодушевувајќи ја публиката и критиката со својата совршена техника\, интонативна прецизност и волуминозен и кристално јасен тембр. Уверливо\, со „ласерска“ прецизност во интерпретацијата\, волшебна колоратура и совршена фразеологија\, Дурловски ги толкува оперските улоги на сцените и фестивалите ширум Германија\, во Шпанија\, САД... „Травијата“ со Ана Дурловски во насловната улога на големата сцена ја поставува реномираната германска режисерка Верена Штојбер\,  креирајќи моќна продукција чии што главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет. Вистински празник за вљубениците на оперската уметност\, на отворањето на јубилејните 45-ти „Мајски оперски вечери“.\nДиригент: Џанлука Мартиненги (Италија)\nАсс. диригент: Иван Еминовиќ\nРежисер: Верена Штојбер (Германија)\nСценограф и костимограф: Софија Шнајдер (Германија)\nКореограф: Саша Евтимова\nСветло дизајн: Васко Лисичов\nКонцерт-мајстор: Климент Тодороски\nАсс.режисер: Љупка Јакимовска\, Трајко Јордановски\nАсс. костимограф: Бранкица Јордановска\, Инес Гоља\, Драгица Киранџиска\nАсс. хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\nИнспициенти: Мирче Стојчевски\, Љупчо Полизов\, Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\nСуфлери: Светлана Георгиева\, Павлина Здравкова\, Невена Георгиева\n\nНАСТАПУВААТ:\nВиолета Валери: Ана Дурловски\nАлфред Жермон: Дарко Нешовски\nЖорж Жермон: Борис Трајанов\nФлора: Николина Јаневска\nАнина: Александра Лазаровска-Василевски\nБарон Дуфол: Владимир Саздовски\nМаркиз Д’ Обињи: Драган Ампов\nГастон: Никола Стојчевски\nД-р Гренвил: Борко Биџовски\, Диме Петров\nЏузепе: Игор Гиновски\nКомесарио: Ернес Ибраимовски\n\nОркестарот\, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ\n\n \n\nЗа „Травијата“...\nЗа мене најважното нешто во операта\, генерално\, е да видите реални карактери и вистински емоции на сцената\, не само површна сценска игра и пеење. Она што мене особено ме интересира е да ги слушнам приказните што луѓето имаат да ги раскажат. За мене\, Верди е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња.\nВистински човек на театарот кој своите на своите ликови им дава време да размислат пред да проговорат\, време да реагираат на нештата што се случуваат околу нив. Со „Травијата“\, тој уште еднаш ги крши табуата. На сцената не донесува кралеви и кралици или херои\, што било пракса на оперските композитори на времето. Напротив\, на сцената тој донесува „нормални“ луѓе. Но\, и повеќе од тоа: дозволува главниот карактер во операта да биде една жена со низок морал\, љубовница. Во „Травијата“ се наоѓаме себеси во т.н. „демимонд“. Ја гледаме Виолета и нејзините пријателки\, љубовници на најбогатите мажи во општеството како се забавуваат. Овие мажи кои дома имаат сопруги и деца\, можат да си дозволат слободното време да го поминуваат со млади убави жени. За возврат\, тие им обезбедуваат станови и им купуваат автомобили\, им подаруваат скапи подароци\, накит и фустани\, што ги прават уште поатрактивни и попривлечни. Овој животен стил на жените „придружнички“ на мажите од високата класа не е нешто што било својствено само за 1850-тите. И денес постои\, а сигурно ќе продолжи да постои и во иднина. Она што мене особено ме интересира врзано за овој животен стил е лицемерието што стои позади него. Луѓето зборуваат за вулгарноста во изгледот и однесувањето на некои жени\, а од друга страна и тие самите сакаат да гледаат разголени девојки на модните писти\, во видео спотовите и рекламите. Вистината е – сексот се продава.\nЗа мене тоа е лицемерието на патријархалното општество во кое проблем не е мажите да имаат жени и девојки на страна\, но е проблем кога некој\, а во случајот на „Травијата“ тоа е Алфредо\, ги прекршува правилата и се вљубува во една од љубовниците\, и дури и полошо – решава да живее со неа. Ова не е типичен пример како светот во кој мажите доминираат функционира\, и е нешто што не смее да се случи. За да не дојде до тоа\, го имаме Жермон\, за мене најлицемерниот од сите ликови\, човек кој зборува за чест и гордост\, иако самиот е решен да ги уништи животите на другите луѓе за да ја спаси сопствената репутација. Тој исто така искажува љубомора кон помладата генерација која нештата ги гледа од поинаква перспектива. Сметам дека денес особено сме соочени со егоистичното и нарцисистичко однесување на одредени луѓе што има катастрофални последици. Потребно е да се бориме против него со многу љубов и страст\, како што тоа го прават Виолета и Алфредо. И иако за нив е веќе доцна на крајот\, тие можеби и придонесуваат за промени во иднина.\n Верена Штојбер - режисер\n\n\n \n\n \n\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%9f%d1%83%d0%b7%d0%b5%d0%bf%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b4%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b0/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/04/traviata.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR