BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20240509T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20240509T223000
DTSTAMP:20260423T100120
CREATED:20240409T085542
LAST-MODIFIED:20240430T162705
UID:4040-1715284800-1715293800@operabalet.mk
SUMMARY:„ТРУБАДУР“ - Џузепе Верди - ПРЕМИЕРА (9.5.2024)
DESCRIPTION:\nСВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА\n52 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ\nПРЕМИЕРА\nЏузепе Верди\n„ТРУБАДУР“\n9.5.2024\, 20:00 часот\n\nДиригент:  Енрико Довико (Италија)\nРежисер:  Иван Поповски\nСценограф:  Миодраг Табачки - Србија\nКостимограф: Марија Пупучевска\nКореограф: Саша Евтимова\nАсс.Диригент: Катерина Стојковска\nАсс. Режисер: Трајко Јордановски\, Љупка Јакимовска\nАсс.костимограф : Ангела Богеска\nКонцерт мајстор:\nХор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљановска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\, Јордан Петрушевски\nИнспициенти: Љупчо Полизов\, Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\nСуфлер: Невена Георгиева\n \nНАСТАПУВААТ:\nМанрико: Зоран Сотиров\nГроф Луна: Марјан Јованоски\nЛеонора: Сандра Митровска\nАцучена: Сања Анастасиа (Србија)\nФерандо: Владимир Саздовски\nРуиц: Дејан Стоев\nИнес: Ана Ројдева\nСтариот циганин: Тихомир Јакимовски\nГласник:  Јане Дунимаглоски\nНастапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет\n \nОпера во 4 чина (8 слики)\nЛибрето: С. Камарано\, според истоимената драма на А. Гутјерес\nПрва претстава 19 јануари 1853 година во Рим.\nПремиерата на „Трубадур“ била една од најуспешните кај Верди\, проследена со овации кај публиката. Иако сижето на операта е крајно сложено и не секогаш логично\, Верди го "облагородува" со својата музика\, нагласувајќи ги суштествените акценти на драмата. Тоа е\, пред се\, спротиставувањето на слободниот табор на циганите и суровото насилство на грофот Луна. Незалудно мелодиите на циганските песни и кабалетата на Манрико од оперската сцена се префрлиле на градските улици\, претворајќи се во патриотски песни. Целата опера е проткаена со особен мелодиски раскош и вдахновение а некои музичко-драматуршки ефекти (на пример\, спојувањето на повеќе планови на дејството во Мисерере од четвртиот чин) отвараат нови перспективи во музичкиот театар.\n \nСодржина\nСтариот војник Ферандо\, раскажува дамнешна сторија за грабнато дете во која вистината се измешала со измислици.\nПред замокот на Леонора\, трубадурот Манрико се судрува со грофот Луна. Во циганскиот табор\, мајката на Манрико\, Ацучена\, раскажува за еден дамнешен настан\, кога мајка и била жива запалена\, па за одмазда Ацучена го грабнала синот на стариот гроф. Манрико почува да се сомнева-дали е тој синот на циганката...\nНа Леонора лажно и јавиле дека Манрико загинал. Таа решава да се закалуѓери. Луна сака да ja грабне Леонора\, но се појавива Манрико со своите војници и го победува Луна. Конечно Манрико и Леонора можат да бидат заедно.\nЛуна во меѓу време се подготвува за одмазда. Неговите војници ja заробуваат Ацучена. Ферандо ja препознава циганката која некогаш го грабнала братот на Луна. Манрико брза да ja ослободи неговата мајка. Непромислено напаѓа и го заробуваат.\nДознавајќи дека Манрико е заробен\, Леонора решава да го спаси и му се нуди на Луна. Toj и дозволува да го види Манрико за последен пат. Леонора испива отров со подзабавено дејство. Со веста за слобода таа доаѓа во затворот и умира на рацете на Манрико. Разбеснетиот Луна наредува да го убијат Манрико. Ацучена-предоцна! - му кажува на Луна дека тукушто го погубил сопствениот брат.\n
URL:https://operabalet.mk/event/%d1%82%d1%80%d1%83%d0%b1%d0%b0%d0%b4%d1%83%d1%80-%d1%9f%d1%83%d0%b7%d0%b5%d0%bf%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b4%d0%b8-9-5-2024/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2024/04/trubadur_52mov.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR