BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20170614T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20170614T210000
DTSTAMP:20260601T043710
CREATED:20170530T081419
LAST-MODIFIED:20170610T055843
UID:1340-1497470400-1497474000@operabalet.mk
SUMMARY:ЦРВЕНАТА СОБА - МОДЕРЕН БАЛЕТ ВО КОРЕОГРАФИЈА НА ИГОР КИРОВ (14.06.2017)
DESCRIPTION:Кореограф: Игор Киров\nМузика: Франц Шуберт\nАсистент кореограф: Мојца Мајцен (Словенија)\nЛибрето: Сашо Димосkи\nСценограф: Марија Ветероска\nКостимограф: Александар Ношпал\nРепетитори: Тања Вујисиќ-Тодоровска\, Саша Евтимова\, Олга Панго\nСветло мајстор: Милчо Александров\n\nНАСТАПУВААТ:\nСмрт: Александра Мијалкова\nПророк: Васил Чичијашвили (Грузија)\nДевојката: Мими Поп Алексова Атанасовска\nСвитата на смртта: Марија Кичевска Шокаровска и Андреј Литвиненко (Украина)\nТолпа: Саша Евтимова\, Марина Анастасовска\, Илијана Данилов\, Диљана Јанева (Бугарија)\,  Дојчин Дочев (Бугарија)\, Игор Веланоски\, Агим Бафтии\, Ендру Кук (Англија)\, Светлин Стојанов (Бугарија)\n\n \n\nСветовите во „Црвената соба“\n\nПо либрето на Сашо Димоски\n\nЛибретото за современиот балет „Црвената соба“\, според Шубертовиот „Гудачки квартет бр. 14“\, има своја предлошка насловена „Смртта и девојката“. Поаѓајќи од постоечкиот мотив\, кој има свои бројни сценски постановки\, па дури и екранизација\, фабулата на приказната добива свое проширување: Смртта\, која копнее по љубов и единство доаѓа меѓу луѓето и се заљубува во Пророкот\, па оттргнувајќи го од сите негови земски врски\, го носи во светот на Подземјето\, светот на Црвената соба. Оваа иницијација на Пророкот има двоен фабуларен тек: во неговата потрага и во обид да го врати назад во земскиот свет\, Девојката започнува свое иницијациско патување. Во подземјето\, таа успева повторно да ја придобие љубовта на Пророкот и заедно да се вратат меѓу видливиот свет\, а Смртта останува сама да копнее по своето единство\, опкружена со самотијата и познатоста на сопствениот свет. Покрај оваа тријада\, останатите актери во либретото се претставени пред публиката преку состојби и чувства\, а не преку именувани ликови\, кои се контастно поставени – земското наспроти подземското.\n\nНа оваа линија\, „Црвената соба“\, од една страна\, станува сценски експеримент за вечната потрага по единство\, за потребата од припадност\, за своината\, за копнежот по љубов и од друга страна – за самотијата како единствен облик на апсолутно припаѓање и сето тоа преку говорот на телото кое е во криза.\n\n 
URL:https://operabalet.mk/event/%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b1%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%be%d0%b3-2/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2017/06/red-room.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR