BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="UTC+0":20160608T200000
DTEND;TZID="UTC+0":20160608T210000
DTSTAMP:20260424T213720
CREATED:20160530T103346
LAST-MODIFIED:20160602T100122
UID:527-1465416000-1465419600@operabalet.mk
SUMMARY:ЦРВЕНАТА СОБА - (МОДЕРЕН БАЛЕТ ВО КОРЕОГРАФИЈА НА ИГОР КИРОВ)
DESCRIPTION:Световите во „Црвената соба“\n\nПо либрето на Сашо Димоски\n\nЛибретото за современиот балет „Црвената соба“\, според Шубертовиот „Гудачки квартет бр. 14“\, има своја предлошка насловена „Смртта и девојката“. Поаѓајќи од постоечкиот мотив\, кој има свои бројни сценски постановки\, па дури и екранизација\, фабулата на приказната добива свое проширување: Смртта\, која копнее по љубов и единство доаѓа меѓу луѓето и се заљубува во Пророкот\, па оттргнувајќи го од сите негови земски врски\, го носи во светот на Подземјето\, светот на Црвената соба. Оваа иницијација на Пророкот има двоен фабуларен тек: во неговата потрага и во обид да го врати назад во земскиот свет\, Девојката започнува свое иницијациско патување. Во подземјето\, таа успева повторно да ја придобие љубовта на Пророкот и заедно да се вратат меѓу видливиот свет\, а Смртта останува сама да копнее по своето единство\, опкружена со самотијата и познатоста на сопствениот свет. Покрај оваа тријада\, останатите актери во либретото се претставени пред публиката преку состојби и чувства\, а не преку именувани ликови\, кои се контастно поставени – земското наспроти подземското.\n\nНа оваа линија\, „Црвената соба“\, од една страна\, станува сценски експеримент за вечната потрага по единство\, за потребата од припадност\, за своината\, за копнежот по љубов и од друга страна – за самотијата како единствен облик на апсолутно припаѓање и сето тоа преку говорот на телото кое е во криза.\n\nКореограф: Игор Киров\nМузика: Франц Шуберт\nАсистент кореограф: Мојца Мајцен (Словенија)\nЛибрето: Сашо Димосkи\nСценограф: Марија Ветероска\nКостимограф: Александар Ношпал\nРепетитори: Тања Вујисиќ-Тодоровска\, Саша Евтимова\, Олга Панго\nСветло мајстор: Милчо Александров\n\nНАСТАПУВААТ:\nСмрт: Александра Мијалкова\nПророк: Васил Чичиашвили (Грузија)\nДевојката: Мими Поп Алексова Атанасовска\nСвитата на смртта: Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски\nТолпа: Ивана Коцевска\, Саша Евтимова\, Билјана Басмаџиева\, Дојчин Дочев (Бугарија)\, Игор Веланоски\, Јан Кисилев\, Агим Бафтии\, Илијана Данилов
URL:https://operabalet.mk/event/%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b1%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%be%d0%b3/
LOCATION:бул. Гоце Делчев бр.4\, Скопје\, Скопје\, 1000\, Macedonia
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2016/04/881x425.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR