BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20260509T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20260509T223000
DTSTAMP:20260423T104006
CREATED:20260415T071458
LAST-MODIFIED:20260416T144256
UID:4924-1778356800-1778365800@operabalet.mk
SUMMARY:„СЕСТРА АНЏЕЛИКА“ / „ЏАНИ СКИКИ“ - ЏАКОМО ПУЧИНИ (9.5.2026)
DESCRIPTION:\nОТВОРАЊЕ НА 54 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ\nПРЕМИЕРА\nЏАКОМО ПУЧИНИ\n„СЕСТРА АНЏЕЛИКА“\n9.5.2026\, 20 часот\nДиригент: Џанлука Мартиненги - Италија\nРежисер: Пјер Франческо Маестрини - Италија\nСценограф: Гилермо Нова - Шпанија\nКостимограф: Кристина Ачети - Италија\nАсс. Костимограф: Валентина Волпи - Италија\nСветло дизајн:\nКореограф:\nАсс Кореограф:\nАсс Диригент : Катерина Стојковска\nАсс.Режисер: Трајко Јордановски\, Љупка Јакимовска\nКонцерт мајстор:\nХор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\, Анастасија Грговска\nИнспициенти: Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\, Катерина Бошковска\nСуфлер: Невена Георгиева\, Ивана Јордановска\nНастапуваат:\nСЕСТРА АНЏЕЛИКА: Марта Торбидони - Италија\nПРИНЦЕЗАТА (нејзината тетка): Бенедета Мазето- Италија\nБАДЕСА ИГУМЕНИЈА: Марика Поповиќ\nСЕСТРА СЕНТРИЧЕ: Николина Јаневска\nГОСПОДАРКА НА ИСКУШЕНИЦИТЕ: Соња Пендовска Мадевска\nСЕСТРА ЏЕНОВЈЕФА: Биљана Јосифов\nСЕСТРА ОСМИНА: Марија Наумовска\nСЕСТРА ДОЛЧИНА: Ана Ројдева\nМЕДИЦИНСКА СЕСТРА: Злата Тошевска Димовска\nСЕСТРА НА МИЛОСРДИЕТО: Јаворка Витанова\nИСКУШЕНИЧКА: Десанка Глигоријевиќ\nСЕСТРA ИСКУШЕНИЧКА: Билјана Бајевска\nПРВА ЛАИЧКА СЕСТРА: Александра Лазаревска Василевски\nВТОРА ЛАИЧКА СЕСТРА: Теодора Пејиќ Зајкова\nХОРОТ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ\nДејствието се одвива во осамен манастир во Италија\, кон крајот на 17 век.\nВо едно пролетно попладне\, во манастирот\, по завршувањето на моливите за Светата седмица\, калуѓерките излегуваат од капелата и се собираат во клостерот. Надредената сестра им дозволува да се рекреираат малку пред повторно да се вратат на редовните работни задачи. Во опуштеноста\, радувајќи му се на пролетното зајдисонце\, сестрите и покрај испосничкиот живот\, кој треба да е лишен од земски желби\, си признаваат дека сè уште имаат копнежи кои ги носат од нивните некогашни световни животи. Сестра Анџелика\, која веќе седум години живее во манастирот\, одбива да ги сподели своите желби\, тврдејќи дека ништо не посакува\, но нејзините духовни сестри ја согледуваат нејзината тага и тивко страдање. Знаејќи дека сестра Анџелика за сите седум години нема добиено никакви посети или вести од семејството\, заинтригирани\, меѓусебно шепотат за нејзиното потекло од благородничка фамилија\, која ја испратила во манастир како казна за некаков сторен грев.\nРазговорот е прекинат од сестрата болничарка која дотрчува со молба до сестра Анџелика да даде цвет за ублажување болки за една од сестрите која е касната од оса\, коментирајќи дека сестра Анџелика ги знае скриените моќи на билките.\nВо дворот пристигнува сестрата која носи храна за манастирот и откако ќе ја испорача\, ќе соопшти дека на влезот од манастирот видела убава господска кочија и дека сигурно некој благородник е дојден во посета во манастирот. Оваа вест видно ќе ја вознемири сестра Анџелика\, која почнува да ја распрашува сестрата за деталите на кочијата. Сестрите гледаат дека оваа вознемиреност е одраз на нејзиниот длабок копнеж конечно да дознае нешто за своето семејство и кога ѕвончето ќе најави дека некој е дојден во собата за прием\, сите сестри\, и покрај тоа што посакуваат некој нив да ги посети\, се молат посетата да е за сестра Анџелика\, која тивко страда во длабоко искупување.\nМолитвата е услишена! Одговорната сестра ја повикува Анџелика во собата за прием каде што ја чека нејзината тетка\, принцезата. Сестра Анџелика е обземена од емоции\, но наместо топол прием ја пречекува студен и службен рапорт од тетка си. Таа ѝ соопштува дека наследството кое принцот и принцезата\, родителите на Анџелика\, ѝ го довериле пред да умрат\, конечно ќе биде поделено. Причина за ова е венчавањето на нејзината помала сестра\, чија рака е прифатена со љубов и покрај срамот што Анџелика со својот грев го донела на семејството и засекогаш го извалкала нивниот грб. Тетка ѝ и порачува целосно да се предаде на искупувањето\, но Анџелика гневно ќе ја обвини тетка си за немилосрдност и ќе ја преколнува да ѝ каже новости за единственото нешто од кое не може да се откаже\, својот син\, детето кое ѝ било оттргнато на породување. Со непопустлива бесчувствителност\, тетка ѝ ќе и соопшти дека откако бил погоден од болест\, пред две години\, нејзиниот син\, починал.\nСестра Анџелика\, во агонија од страшното сознание\, обземена од мисли за осаменоста на нејзиното мало чедо\, кое никогаш не ја осознало љубовта на мајка си\, дури ни во тешките мигови на смртта\, ќе падне во бессознание и ќе почне да фантазира за нивната средба во рајот.\nЕкстатичниот занес на среќа за повторната средба во задгробниот живот ќе ја наведе да посегне по отровите на нејзините билки и ќе си го одземе животот.\nНо\, во мигот кога отровот ќе почне да дејствува\, разумот ќе ѝ се врати и ќе сфати дека умира во смртен грев.\nВо последните мигови на животот\, очајнички молејќи се за милост\, Анџелика доживува чудесна визија на Богородица\, која ѝ го носи синот\, како знак дека место вечна проколнатост\, услишено и е целосно искупување.\nПРЕМИЕРА\nЏАКОМО ПУЧИНИ\n„ЏАНИ СКИКИ“\nДиригент: Џанлука Мартиненги - Италија\nРежисер: Пјер Франческо Маестрини - Италија\nСценограф: Гилермо Нова - Шпанија\nКостимограф: Кристина Ачети - Италија\nАсс. Костимограф: Валентина Волпи - Италија\nСветло дизајн:\nКореограф:\nАсс. Кореограф:\nАсс Диригент: Катерина Стојковска\nАсс. Режисер: Трајко Јордановски\, Љупка Јакимовска\nКонцерт мајстор:\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреја Наунов\, Анастасија Грговска\nИнспициенти: Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\, Катерина Бошковска\nСуфлер: Невена Георгиева\, Ивана Јордановска\nНастапуваат:\nЏАНИ СКИКИ: Роберто Де Кандиа - Италија\nЛАУРЕТА\, неговата ќерка: Ана Дурловски\nЦИТА: Николина Јаневска\nРИНУНЧО: Гуо Ѕ- Жао – Кина\nГЕРАРДО: Никола Стојчески/ Јане Дунимаглоски\nНЕЛА: Биљана Јосифов\nГЕРАРДИНО:\nБЕТО ДИ СИЊА: Диме Петров\nСИМОНЕ: Игор Дурловски\nМАРКО: Драган Ампов\nЧЕСКА: Злата Тошевска Димовска\nМАЕСТРО СПИНЕЛОЧО: Невен Силјановски\nНОТАР: Владимир Саздовски\nПИНЕЛИНО: Марко Димовски\nГУЧО: Тихомир Јанкимовски\nОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ\nДејствието се одвива во Фиренца\, во 1299 година\, во екот на културната експанзија која градот ќе го направи најбогат во Европа и на светот ќе му ги донесе хуманизмот\, ренесансата и модерното време\, а е инспирирано од епизода од „Пеколот“ на Данте Алигиери.\nУтро е во куќата на богатиот газда Буозо Донати\, кој штотуку починал. Неговите роднини се собрани околу неговото тело и во лицемерни фрази на божемно оплакување\, всушност исчекуваат да се чита неговиот тестамент во надеж дека покојникот ги оставил во благосостојба. Но\, до роднините се стасани гласишта дека Буозо своето богатство го оставил на монасите на Светите дела на Света Репарата\, па ужаснати од помислата дека нема да добијат ништо\, френетично се впуштаат во потрага по тестаментот. Откако ќе го најдат\, ќе откријат дека Буозо\, сепак\, ги збогатил монасите\, а нив не им оставил ништо. Во очај од ова сознание\, со мачнина ќе ја прифатат идејата на младиот Ринучо\, член на семејството\, да побараат помош од Џани Скики\, итар и досетлив новодојденец во Фиренца\, познат по својата снаодливост; тој сигурно ќе умее да смисли како да дојдат до парите на Буозо.\nВо меѓувреме\, Ринучо\, кој е вљубен во Лаурета\, ќерката на Скики\, ќе го повика итрецот и додека роднините негодуваат\, тој ќе пристигне. Семејството всушност го презира Скики поради тоа што е од низок сталеж и се противи на бракот со Лаурета\, но по кратка караница и меѓусебна размена на навреди\, заедничките интереси ќе победат: семејството Донати ги посакува парите на Буозо\, а Скики ја посакува среќата на својата вљубена ќерка. Тој веднаш ќе смисли храбар и ризичен план: пред да обзнанат во јавноста дека Буозо е мртов\, Скики\, кој е вешт имитатор\, ќе се преправи во Буозо\, ќе викне нотар и ќе издиктира нов тестамент.\nИдејата со ентузијазам ја прифаќаат сите и се договараат за поделба на наследството. Но\, кога ќе дојде до најдобрите богатства на Буозо\, меѓу роднините ќе настапи караница за кој да ги добие. Бидејќи не ќе можат да се договорат\, таа одлука ќе му ја доверат на Скики; тој според својот смисол за правда да одлучи кој да ги добие највредните работи од оставнината.\nЌе го повикаат нотарот и додека Скики се преоблака во рувото на Буозо\, секој од роднините во тајност ќе му пријде и ќе му понуди поткуп доколку ним им го додели најдобриот имот.\nНотарот ќе дојде\, а Скики\, убедливо преправен во Буозо\, ќе го издиктира новиот тестамент. Но\, кога ќе дојде до највредните работи од наследството\, мазгата\, водениците и куќата во Фиренца\, тие ќе си ги остави себеси\, како последна желба на Буозо. Роднините кои ќе ги добијат поскромните делови од наследството ќе бидат разгневени и шокирани од итрата измама на дојденецот\, но плашејќи се од фирентинските закони кои ваквото измамничко соучешниство го казнуваат со отсекување рака и изгон\, не ќе можат да протестираат и да го спречат итриот потег на Џани Скики.\nСкики алчните роднини ќе ги избрка од својата нова куќа\, а вљубените Ринучо и Лаурета ќе останат да живеат во Фиренца со богатствата на Буозо.
URL:https://operabalet.mk/event/9-5-2026/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2026/04/Majski-web-scaled.jpg
END:VEVENT
END:VCALENDAR