BEGIN:VCALENDAR
VERSION:2.0
PRODID:-//Национална опера и балет - ECPv4.0.7//NONSGML v1.0//EN
CALSCALE:GREGORIAN
METHOD:PUBLISH
X-WR-CALNAME:Национална опера и балет
X-ORIGINAL-URL:https://operabalet.mk
X-WR-CALDESC:Events for Национална опера и балет
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20260911T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20260911T213000
DTSTAMP:20260906T070630
CREATED:20260831T091124
LAST-MODIFIED:20260901T080808
UID:5022-1789156800-1789162200@operabalet.mk
SUMMARY:“Кавалерија рустикана” - Пјетро Маскaњи (11.9.2026)
DESCRIPTION:Пјетро Маскaњи\n“Кавалерија рустикана”\n11.9.2026 / 20 часот\nДиригент: Иван Еминовиќ\nАсс. Диригент: Катерина Стојковска\nРежисер: Џандоменико Вакари ( Италија)\nАсс. Режисер: Алесандро Идонеа (Италија)\nЉупка Јакимовска\, Трајко Јордановски\nСценограф: Зоран Николовски\nКостимограф: Елена Дончева\nКонцерт-мајстор:\nАсс. Хор – мајстор: Ѓургица Дашиќ\, Јасмина Ѓорѓеска\nКорепетитори: Елена Сиљаноска\, Јанинка Невчева\, Андреј Наунов\, Анастасија Грговска\nИнспициенти: Драган Костадиновиќ\, Марко Павлевски\, Катерина Бошковска\nСуфлер: Невена Георгиева\, Ивана Јордановска\nНАСТАПУВААТ:\nСантуца: Весна Гиновска Илкова\nТуриду: Зоран Сотиров\nАлфио: Марјан Јованоски\nЛола: Катерина Стојановска\nМајка Лучија: Соња Пендовска Мадевска\nХорот и оркестарот на Национална опера и балет\n \nОпера во еден чин (Праизведба во Рим\, 17.05.1890)\nПрељуба\, љубомора\, одмазда = Трагедија\n \nСодржина:\nВечер пред Велигден во сицилијанско село.\nМладата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија\, мајката на Туриду\, човекот кој таа го сака\, а во чија љубов се сомнева\, сo цел да разговара со него.\nНо\, наместо разговор\, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.\nЛола е жена на коларот Алфио. Туриду\, пред да замине во војска бил свршен со Лола\, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.\nТуриду после враќањето од војска разочаран\, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.\nСантуца\, сега веќе грешница во очите на селаните\, останува сосема сама\, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија\, каков грев сторил нејзиниот син.\nДоаѓа и Алфио\, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.\nЗзборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио\, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.\nДоаѓа Туриду\,  Сантуца сака да зборува со него\, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.\nСантуца\, пред која селаните ги затвораат црковните врати\, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила\, но веќе е доцна.\nСо цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните\, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.\nПосле црковната служба\, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.\nПо острата расправија\, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.\nТуриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца\, ако тој не се врати.\nМајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.\nСе слуша само: \,\,Туриду е мртов“\n
URL:https://operabalet.mk/event/cavaleria_11_9_2026/
LOCATION:Array
CATEGORIES:опера
ATTACH;FMTTYPE=image/jpeg:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2022/10/cavaleria.jpg
END:VEVENT
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20260919T200000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20260919T210000
DTSTAMP:20260906T070630
CREATED:20260902T073907
LAST-MODIFIED:20260902T080558
UID:5024-1789848000-1789851600@operabalet.mk
SUMMARY:ШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков (19.9.2026)
DESCRIPTION:\nШЕХЕРЕЗАДА – Николај Римски Корсаков (балет)\nДиригент: Бисера Чадловска\nКореограф: Михаил Крапивин (Русија) – со првична постановка на Михаил Фокин\nСценограф: Марија Ветероска – по сценографијата на Л. Бакст\nКостимограф: Маја Бурсаќ (Србија) – по костимографија на Л. Бакст\nКонцерт мајстор: Верица Ламбевска\nРепетитори: Марија Јосифовска Ристовска\, Дафина Данилоска-Кочевска\,  Билјана Басмаџиева Ковачевски\, Володимир Борисов (Украина)\nИнспициент: Тијана Тарчуговска Георгиева\, Дубравка Шопова\nКорепетитори: Марјан Василевски\, Стефан Пехчевски\nВо главните улоги:\nЗабеида: Наташа Трендафилова Гицев\nЗлатен роб: Балаж Лочеи\nСинопсис Шехерзада:\nЦарот Шархијар се одмара во својата одаја. Неговиот брат шахот Земан го забавуваат харемските девојки со песна и игра. Шахријар е заинтересиран само за својата миленичка Забеида\, но Земан се сомнева во нејзината верност. Шахријар\, потпаѓа под влијание на Земан и објавува дека ќе оди на лов\, а девојките од харемот ја заговараат Забеида да му пријде на Шахријар и да му посака среќа во ловот\, за да се оттргне секое сомнение. Кога мажите одат\, девојките го поткупуваат главниот евнух кој ги чува да ја отвори вратата од харемот. Црните робови влегуваат во харемот и почнуваат оргии со жените на Шахријар. Забеида за себе го одбира најубавиот меѓу нив. Одеднаш се враќа Шахријар. Сомневањето на Земан се потврдува. Смртната казна пристигнува за робовите и евнусите. Забеида го моли царот за милост и го убедува во нејзината верна љубов.Иако за момент се колеба\, Шахријар за да ја спаси својата чест ја жртвува својата љубов. Забеида која не наоѓа решение се самоубива во прегратката на царот Шахриј.\n
URL:https://operabalet.mk/event/scheherazade_09_2026/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2026/09/sheherezade.png
END:VEVENT
BEGIN:VEVENT
DTSTART;TZID="Europe/Skopje":20260926T190000
DTEND;TZID="Europe/Skopje":20260926T200000
DTSTAMP:20260906T070630
CREATED:20260902T080526
LAST-MODIFIED:20260902T082455
UID:5026-1790449200-1790452800@operabalet.mk
SUMMARY:ДОКТОР ОФБОЛИ (балет во два чина за деца-26.9.2026)
DESCRIPTION:\nДОКТОР ОФБОЛИ (балет во два чина за деца)\n26.9.2026\, 19 часот\nКореограф: Михаил Крапивин (Русија)\nМузика: Игор Морозов (Според сказната на К.Чуковски)\nСценограф: Живојин Трајановиќ\nКостимограф: Марија Пупучевска\nНастапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет \n \nДоктор Офболи - Синопсис\n Прв чин\nНа брегот на морето\, цела во зеленило стои куќичката на Офболи – докторот кој ги лекува животните и птиците. Со него живее неговата лоша сестра Варвара\, а соседи му се девојчето Тања\,и момчето Вања .Пред куќата на Офболи секогаш е живо - се собираат неговите пациенти – животните и птиците. Тања и Вања им помагаат и тропаат на вратата\, но лошата Варвара ги брка сите. Болните животни сепак успеваат да влезет во куќата на Офболи. Варвара е многу лута и го доведува немилосрдниот дресер Капитони кој ги фаќа животните во замка. Варвара му помага во тоа\, а Тања и Вања се обидуваат да ги спречат. Доктор Офболи е гневен поради суровоста на Капитони\, му го одзема камшикот\, ги ослободува заробените кученца\, а него го брка.Стигнува поштарот кој му носи тажна вест на докторот – во далечни тропски предели се разболеле мајмунчиња. Докторот одлучува да патува таму и ги зема со себе кучето Ава\, мајмунот Чичи\, лисицата\, ластовичката\, мачорот\, петелот и мечокот\, а другите животни ги остава на Варвара.Тања и Вања го молат докторот да ги земе со себе \, но тој не сака да ги става децата во опасност. Тогаш на Вања му доаѓа идеја тие кришум да се сокријат во кутиите со лекови\, подготвени за патувањето.Бродот полека испловува.Задоволна од заминувањето на докторот Офболи\, злобната Варвара го вика дресерот Капитони.\nВо сончева долина полна со тропски растенија е сместена населбата на мајмуните. Возрасните мајмуни и домашните лекари – жирафата и крокодилот безуспешно се трудат да им помогнат на болните мајмунчиња. Долетува ластовичката и го најавува доаѓањето на докторот Офболи. Докторот ги прегледува болните и им дава лекови. Мајмунчињата брзо оздравуваат. Почнува свеченост во чест на докторот. Неочекувано доаѓаат разбојници со крвожедниот Бармалеј. Ги кршат кутиите и од таму излегуваат Тања и Вања. Бармалеј и разбојниците се нафрлуваат на нив. Дотрчува докторот. Тој се обидува да ги спаси децата \, но и сам е заробен.\nВтор чин\nПреку шумата\, разбојниците ги носат запленетите Тања\, Вања и докторот. Следени од кучето Ава\, мајмунот Чичи и лисицата. Лисицата го посипува букетот со прашок за спиење\, кој на нејзе кришум и го дофрлил докторот.\nМрачна пештера. Разбојниците докторот го затвараат во занданата\, а од децата Бармалеј наредува да биде зготвена вечера. На помош на своите другари во пештерата доаѓаат Ава и Чичи. Но разбојниците ги заробуваат и нив. Чичи успева да избега\, ама кучето го врзуваат со ланец. Разбојниците се спремаат да ги изедат децата...Одеднаш се појавува дотераната лисица. Таа кокетно им го предава букетот посипан со прашoк за спиење. Разбојниците и се додворуваат\, го мирисаат букетот и полека под дејството на прашокот заспиваат. Вања ја отвара занданата и го ослободува докторот Офболи. Сите полека си заминуваат\, освен петелот\, кој со своето фалбаџиско кукурикање ги буди разбојниците....\nСтрмен морски брег. Храбриот Вања се качува на висока палма. Палмата се наведнува кон другата карпа и по тој мост се прекачуваат бегалците. Бармалеј и разбојниците полека ги стигнуваат\, но невнимателно Бармалеј паѓа во пропаста\, а разбојниците од страв бегаат во шумата. Сите се радуваат на победата над злосторникот.\nКуќичката на Офболи. Злобните Варвара и Капитони ја претвориле во менажерија каде ги измачуваат заробените животни. Долетува ластовичката со радосна вест за враќањето на Офболи. Варвара и Капитони се преплашени. Од бродот излегуваат Офболи\, Тања\, Вања и нивните пријатели.Докторот откако ќе види колку несреќи и солзи им причиниле на животните Варвара и Капитони\, ги брка. Повторно се е весело и убаво. Животните и птиците го слават Офболи\, Тања и Вања. Сите се фаќаат во заедничкиот танец на дружбата и пријателството.
URL:https://operabalet.mk/event/ofboli_9_2026/
LOCATION:Array
CATEGORIES:балет
ATTACH;FMTTYPE=image/png:https://operabalet.mk/wp-content/uploads/2024/11/ofboli_slide.png
END:VEVENT
END:VCALENDAR