andrej

 

Дипломира на Факултетот за музичка уметност, отсекот пијано,  во класата Симон Трпчески, како негов прв студент и во чија клас ги завршува и постдипломски студии.

Добитник е на државни награди по камерна музика и пијано, а како концертен уметник, остварува рецитали низ Македонја. Како солист настапува со оркестарот на Македонската филхармонија и со оркестарт на Македонската опера и балет, како и на концертната турнејата на Симон Трпчески низ Македонија. Свој придонес дава на многу хуманитарни манифестции, концерти, претстави.

Покрај пијанистичката кариера, паралелно се реализира и како пејач со вокалните ансамбли „Вокали“ и „Хераклеа“ со кој настапува на Охридско лето, Скопско лето, ДММ, Дубровнички летни игри, Вино фестивал – Нови Сад.

Како пијано соработник настапува со солистите-првенци на МОБ, како и со истакнати ансамбли и солисти од Македонија и странство.

Својата музикалност ја реализира и на полето на диригирањето, каде што како диригент на хорот при црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, реализираат одлични концерти во Виена, Венеција, Рим и Бари.

Во мај 2013 е поканет за член на жирито за пијанисти, на Меѓународниот фестивал за славјанска музика во Москва каде остварува неколку настапи, вклучувајќи го и отворањето на самиот фестивал.

Наунов е вработен како корепетитор при Македонската опера и балет и како надворешен соработник при Факултетот за музичка уметност во Скопје.