Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во аудиција за манифестацијата Мајски оперски вечери 2016 година.
Аудицијата се распишува за следните оперски улоги:
- Операта ,,Аида,, – отворена аудиција за улогите
АИДА, РАДАМЕС И АМНЕРИС
- Операта ,,Евгениј Оњегин,, – отворена аудиција за улогите
ТАТЈАНА, ОЛГА, ЛЕНСКИ и ГРЕМИН
- Операта ,,Риголето,,– отворена аудиција за улогите
РИГОЛЕТО и ВОЈВОДАТА ОД МАНТОВА
- Операта ,,Хофманови приказни,,– отворена аудиција за улогата
ХОФМАН
- Операта ,,Турандот,, – отворена аудиција за улогата
КАЛАФ
Аудицијата ќе се одржи на 26 февруари, 2016 во 15.00 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин.
На аудицијата ќе бидат поканети само оние кандидати кои ќе поминат низ првата етапа на процесот на селекција.
Пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на електронска пошта на audicii@mob.com.mkнајдоцна до 18. февруари 2016 година.
Пријавата треба да содржи:
- Снимка со избор од три различни композиции. (Не е потребна професионална студиска снимка);
- Фотографија (не постара од 1 година);
- CV;
- Информации за контакт
Аудиција
Македонската опера и балет по потреба ке обезбеди корепетитор за кандидатите.
Кандидатите треба да подготват две различни арии од кои најмалку една од операта за која се пријавуваат.
Сите арии се исполнуваат напамет.
Со почит,
Македонска опера и балет