Почитувани,

Во пресрет на традиционалниот Гала оперски концерт на млади оперски надежи “Коста Трпков“,Македонската опера и балет ги поканува високообразовните институции за музичка уметност од Скопје, Штип и Тетово да земат учество во настанот со своите студенти по соло пеење. Концертот ќе се одржи на 22 април (петок) 2016 година, во Македонскиот народен театар.

За таа цел, Македонската опера и балет ќе организира АУДИЦИЈА на која стручна комисија ќе избере 12-15 студенти во зависност од програмата. Аудицијата ќе се одржи на 13 април 2016 година во Македонската опера и балет. Стручната комисија ќе биде составена од Директорот на МОБ, Уметничкиот раководител на Операта, диригент и првенци од МОБ. Резултатот од аудицијата е конечен без право на приговор од кандидатите.

1. Услови за учество на аудиција за Високо Образовни Установи:

–       На аудицијата можат да учествуваат студентите на додипломски и постдипломски студии запишани на еден од универзитетите во Р. Македонија;

–       На аудицијата можат да учествуваат студенти кои се согласуваат со условите на Македонската опера и балет за учество во концертот;

–       Препорачливо е аријата да биде од репертоарот на МОБ за која има нотен материјал (во прилог). Во спротивно, кандидатот е должен да го обезбеди нотниот материјал за диригентот и оркестарот;

–       На аудицијата можат да учествуваат студенти за кои Деканот на соодветната високообразовна установа ќе достави потврда до Дирекцијата на Операта дека истите биле избрани по пат на претходна интерна аудиција за оваа намена;

–       На аудицијата можат да учествуваат студенти на покана од Дирекцијата на Операта, врз основа на доставени препораки од три универзитетски професори по соло пеење и аудио снимка од една арија.

–       Материјалите треба да бидат доставени на audicii@mob.com.mk (со назнака: КОСТА ТРПКОВ) најдоцна до 10 април 2016 година.

2. Потребна документација и услови за пријавување на кандидати:

–       Потврда дека кандидатот има активен студентски статус;

–       Изјава од професор/ка по соло пеење дека студентот студира соло пеење во неговата/нејзината класа (во прилог).

–       Изјава дека студентот се согласува со условите на МОБ за учество во гала концертот.

–       Пријава за аудиција (во прилог)

–       Контакт информации

–       Фотографија

–       Потребната докуменатција за пријавување на аудиција треба да биде доставена во Дирекцијата на Операта или на opera@mob.com.mk (со назнака: КОСТА ТРПКОВ) најдоцна до 12 април 2016 година.

Аудиција:

–       Сите кандидати на денот на аудицијата имаат право да изведат само една арија;

–       Кандидатите можат да настапат со свој корепетирор или со корепетитор од МОБ. Сите кандидати кои ќе имаат потреба од корепетитор од МОБ ќе имаат можност за заедничка проба од 15 минути пред самата аудиција(оние кои нема да исполнуваат композиции од репертоарот на МОБ, ке треба да донесат и нотен материал за Корепетиторот);

–       Професорите кои се дел од комисијата на аудицијата ќе бидат изземени од гласањето за своите студенти;

–       Резултатите од аудицијата ќе бидат објавени во рок од 2 дена на веб страна на МОБ (mob.com.mk);

Како дополнителен стимул за развојот на кариерите на младите оперски надежи, Македонската опера и балет ќе ангажира најмалку еден кандидат за соодветна оперска улога во претстојната сезона.

Во прилог ви испраќаме преглед на репертоарот на НУ Македонска Опера и Балет, за што имаме  соодветен нотен материјал.

    • ·         Љубовен напиток
    • ·         Така прават сите
    • ·         Дон Џовани
    • ·         Севилскиот бербер
    • ·         Свадбата на Фигаро
    • ·         Набуко
    • ·         Травијата
    • ·         Турандот
    • ·         Хофманови приказни
    • ·         Кавалерија рустикана
    • ·         Риголето
    • ·         Адријана Лекуврер
    • ·         Симон Боканегра
    • ·         Фауст
    • ·         Магбет
    • ·         Тоска

    и  др.

Со почит,

НУ Македонска опера и балет

 

Превземете: ПРИЈАВА / ИЗЈАВА