Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22),член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 143/19, 14/20и 208/24), и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020), согласно Годишниот план за вработување за 2025 година на Националната установа Национална опера и балет бр.01-3015/1 од 15.07.2025 и известувањето за обезбедени финансиски средства бр. 19-8768/2 од 24.07.2025 година, издадена од Министерството за финансии, Националната установа Национална опера и балет – Скопје, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 04/2025
За пополнување на работни места со унапредувањена административни службеници
Националната установа Национална опера и балет објавува интерен оглас за пополнување на следниве работни места:
- КУЛ0102Б02008 – Раководител на сектор за јавни набавки, Сектор за јавни набавки (еден) извршител
Степен и вид на образование: Општествени науки: Право
Други посебни услови: Сертификат за лице за јавни набавки Најмалку 5 години искуство во постапки за јавни набавки
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 59.574,00 денари
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- Посебни услови утврдени со Законот за административните службеници/друг посебен закон или колективен договор, за раководните административни службеници од категоријата Б се:
- Посебни услови:
- Стручни квалификации за сите нивоа – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- работно искуство и тоа:
– за нивото Б2 најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
- Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
стратешка свест; - ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
- Посебни работни компетенции:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
- потврда за положен испит за административно управување
Распоред на работно време:
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: дневно 8 часа
- Работни часови: неделно 40 часа
- Работно време: од 8.30 часот до 16.30 часот
Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Националната установа Национална опера и балет до секторот за административни, правни и кадровски работи, адреса бул. Гоце Делчев бр. 4 како и на службената електронска адреса pravna@operabalet.mk со назнака “за интерен огласброј 04/2025“.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Националната установа Национална опера и балет и веб страната на Агенцијата за администрација.Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- Потврди за успешно реализирани обуки и/или
- Потврди за успешно реализирано менторство.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Национална установа Национална опера и балет
Директор
Оливер Арсовски
Архивски број 04-4262/2 од 13.11.2025.2025 година