ОЛИВЕР АРСОВСКИ
Директор на Национална опера и балет
Професионалните интереси на Оливер Арсовски главно се во сферата на музичката уметност. Тој е дипломиран виолинист. Претходно бил на позицијата генерален директор на МОБ, потоа уметнички директор на оркестарот на МОБ, на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ како и на македонскиот камерен оркестар. Бил директор на фестивалот Охридско лето. Арсовски има претседателска функција на здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, здружението Македонски Камерен Оркестар, како и на здружението за културна соработка Инфинитас.
За своите залагања и ангажмани добил Златен медал за заслуги за народ од Претседателот на Република Австрија за особен придонес за развој на културата меѓу Република Австрија и Република Македонија, како и медал „ИВАН ВАЗОВ“ од министерот за Култура на Република Бугарија за особен придонес за развој на културата меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Уметнички раководител на Операта: Христо Саракинов
Уметнички раководител на Балетот: Кире Павлов
Раководител на сценска техника: Горан Кочишки
Програмски раководител: м-р Евица Тасеска Каранфилова
Раководител на сектор Маркетинг: Бурхан Дибрани
Сектори:
Дирекција на директор
Уметничка дирекција на Операта
Уметничка дирекција на Балетот
Сектор за заеднички служби
- Оддел за материјално – финансиски работи
- Оддел за правно – кадровски работи
- Оддел за маркетинг и библиотека
Сектор сценска техника
- Сценски сектор
- Оддел за декорирање
- Оддел за реквизита
- Оддел за техничко одржување и манипулација на сцена
- Оддел за светло и тон
Сектор за изработка на сценска опрема
- Ликовен оддел
- Дрводелски оддел
- Железарско – браварски оддел
- Тапетарски оддел
Сектор за костимирање
- Шивачки оддел
- Шапкарски оддел
- Чевларски оддел
- Оддел за перики и маскирање
- Оддел за одржување и сликање костими
- Оддел за костимска гардероба
Сектор за ППЗ, ЗПР, одбрана и безбедност
- Оддел за општо одржување
- Оддел за ППЗ, ЗПР, одбрана и безбедност