На 05.10.2020 година во Токио, Јапонија се одржа отварање на тендерска церемонија за проектот наречен “Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Националната опера и балет на Република Северна Македонија” . На цермонијата како претставник на Р.С.Македонија и на НУ Национална опера и балет беше присутна г-ѓа Кристина Стојчевска/ вршител на работа во Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио, Јапонија.
Тендерот го доби фирмата OGAWA SEIKI CO., LTD од Јапонија. Фирмата е одбрана по претходно изготвени анализи од страна на консултантската фирма INTEM Conculting.,INC ( со која нашата институција претходно веќе има склучен договор).
Следователно на се претходно наведеното на 19.10.2020 година НУ Национална опера и балет склучи договор со “OGAWA SEIKI CO., LTD “ од Токи, Јапонија.