В.д. Директорот на Македонска Опера и Балет, Ќазим Асотиќ, деновиве беше во официјална посета во театарот на Државната Опера во Стара Загора, Република Бугарија, каде што оствари средба со директорот Огнен Драганов. Поканата беше по повод склучување договор со нивниот Меѓународен оперски фестивал што се одржува секоја година од 25 ноември до 8 декември. Годинава на фестивалот МОБ ќе биде гостин со операта ” Севилски берберин” на 7 декември со комплетниот ансамбл.
Беше проследена и премиерата на операта “Турандот” од великанот Пучини, на кого му се посветени овогодинешните 46. Мајски оперски вечери.
Ова е уште една соработка на МОБ после договорите со Босанската Опера и Филхармонија, и познатата Виенска Штац Опера.

IMG-b6ed37647c7c5bb5cefb21227d685436-V

IMG-f25fb2904dc8f0def5b74f91e6cc006c-Vа.