Г-динот Ќазим Асотиќ, в.д. Директор на Македонска  опера и балет деновиве престојуваше во работна посета во Виена, Австрија.

Во текот на неговиот  престој оствари средба со Директорот на Државната  опера во  Виена (Staatsoper Wien) Доминик Мајер како и со заменик директорот проф. Марио Штелер и со шеф директорот на хорот, магистер. Др Елиза Маријан-Зурман. Во разговор со нив е потврдено нивното гостување во октомври оваа година и отварање на новата сезона на МОБ .Покрај меѓусебната соработка помеѓу двете оперски куќи, договорено е нивниот вокален тренер  да доаѓа во Македонија еднаш месечно  5 -7 дена и да работи со нашите солисти и да ги подготвува за тековниот репертоар како и за новите продукции кои што следат во Македонската опера и балет.

На 27 и 28 мај договорена е посета на проф. Марио  Штелер, кој воедно има агенција за посредување на солисти низ светот, кој доаѓа со директорот на берлинската опера со кој ќе направат аудиција на нашите оперски солисти, со цел за нивно  понатамошно ангажирање низ евроспките оперски центри.

На 28 мај ќе има аудиција за помладите  пејачи како и талентираните студенти со што им се дава шанса да ги покажат своите квалитети и да им се даде можност да настапат на некои од оперските сцени низ Европа.

Од големо значење за нашите солисти е што на секои 3 месеца ќе доаѓа познатиот сопран Красимира Стојанова, солист на виенската опера која моментално настапува во Метрополитен,  за да одржува мастер клас  .

За време на работната посета во Виена, директорот на МОБ оствари средба и со влијателниот Аки Нуредини, хуманитарец,  вљубеник и голем  пријател на оперската уметност, пријател со сите светски оперски ѕвезди на денешницата како и со најактуелните светски политичари. Господинот Аки Нуредини е успешен бизнисмен кој го води италијанскиот ресторан „Соле“,  во близина на државната опера во Виена. На 10 мај во фоајето на МОБ  ќе се одржи промоција на неговата најнова книга,со пригодна музичка програма. Промотер на книгата ќе биде светски познатиот режисер Ренато Занели.

Аки Нуредини и Ќазим АсотиќЛами Цунаки и Ќазим Асотиќ