I. Националната установа Национална опера и балет има потреба од вработување на 1(едно) лице давател на услуги од категорија А-уметници, на неопределено време,за следново работно место:
- 1 (едно) лице на работно место Прва виолина тути , шифра КУЛ 03 04 А05 007, Оркестар, сектор Опера
- Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија А се:
- Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
- Степен и вид на образование: Високо – Музички уметности – виолина или средно музичко училиште виолина
- работно искуство: за нивото А5 до една година работно искуство во струката,
Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 58.259,00 денари
- Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III. Дневното работно време за огласеното работно место се организира согласно месечниот план за проби и претстави, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
- IV. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работно место.Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата(архива) на Национална опера и балет или на веб страницата operabalet.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја потполнат во целост, прецизно и со точни податоци.Со пријавата треба да се достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови.
V.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
- кратка биографија
- доказ за завршено образование и други посебни услови
- доказ за општа здраствена способност за работно место (не постара од шест месеци)
- дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност (не постара од шест месеци).
- доказ за работно искуство
Пополнетите пријави , заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават во архивата на Национална опера и балет или по пошта на адреса Национална установа Национална опера и балет, бул.Гоце Делчев бр.4 Скопје (со назнака за „Јавен оглас број 1/2025„)
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Ненавремените и нецелосно потполнети пријави и документација нема да се разгледуваат.По истекот на рокот на пријавување огласот ќе биде отсранет од интернет страната на НУ Национална опера и балет.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Селекцијата и аудицијата на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат способности на кандидатот, согласно Правилникот за аудиција и програмата за аудиција, објавена на веб страната на установата.За денот,часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени електронски или на телефонскиот број кој ќе го наведат во пријавата за вработување.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на веб страната на установата, на огласна табла на установата и на електронската адреса која кандидатот ја има напишано во пријавата за вработување, со што ќе се смета дека е извршена достава.
НУ Национална опера и балет
Архивски број 04-1869/2 од 21.05.2025