- This event has passed.
Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија)
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)
Светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија)
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Кореограф: Саша Евтимова
Асс. режисер: Елена Саконаги (Италија), Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс. сценограф и костимограф: Агостино Сачи (Италија)
Асс. хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
НАСТАПУВААТ:
Турандот: Габриеле Мулен (Холандија)
Калаф: Кристијан Бенедикт (Литванија)
Лиу: Валерија Сепе (Италија)
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Кристијан Антовски
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Владимир Саздовски
Алтоум: Марјан Николовски
Принцот од Персиjа: Дарко Нешовски
Џелат: Тихомир Јакимовски
Каталог за премиерата на „Турандот“
Навидум едноставната приказна за доброто и злото, за суровоста и бездушноста победена од љубов, Џакомо Пучини, Џузепе Адами и Ренато Симони ја преточиле во едно име Турандот. Македонската публика повеќе од десет години неуморно го исполнува гледалиштето при секоја најава на овој наслов. И повторно, старото добро оперско дело Турандот, овојпат видено низ призма на нова естетска визура.
Режисерот Џанкарло дел Монако е син на легендарниот тенор Марио Дел Монако, за многумина симбол на драматиката во операта. Оној кој веројатно во животот операта ја чувстувувал како единствената платформа за егзистенција на сонот, деновиве во Скопје ште еднаш ќе го сонува својот сон. Во листата на сонувачи се вбројуваат уште неколку имиња како: сценограф Вилијам Орланди, сценски и светло-дизајнер Волфганг фон Цубек и диригентот Џанлука Мартиненги. Ако на ова ги додадеме и имињата на американскиот тенор Ерик Фентон во улогата на Калаф, Игор Дурловски во улогата на Тимур, излишно би било да го повторуваме нивниот од по западноевропските сцени како и сите оние кои тука, на домашната сцена никогаш не не изневериле.
ТУРАНДОТ (1926)
„Турандот“, последното оперско ремек-дело на Пучини останало недовршено поради неговата смрт. Последните две сцени од третиот чин подоцна се допишани од страна на Франко Алфано, врз основа на скиците од композиторот. Кога Артуро Тосканини ја диригирал премиерната изведба на „Турандот“ во април 1926 година пред преполната сала, решил да не ги диригира деловите компонирани од Алфано. Кога изведбата достигнала до последните ноти компонирани од страна на Пучини, Тосканини го запрел оркестарот, се свртел кон толпата и извикал: „овде операта завршува, бидејќи ова е моментот кога Маестрото го спушта своето перо.“ Сепак, на следните две претстави, Тосканини ја извел операта во целост, вклучително и крајот компониран од Алфано, при што наишол на громогласен аплауз и восхит од публиката. „Турандот“ е епска бајка сместена во Кина, делумно базирана на драма на познатиот италијански драматург од 18-тиот век Карло Гоци. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. Оркестарот во операта е голем и разновиден, составен од широка палета на инструменти, вклучувајќи и алт саксофони, челеста, бас ксилофон, харфи и органа. Во партитурата композиторот инкорпорира и две традиционални кинески теми обработени на оригинален начин, меѓу кои и големата империјална химна во вториот чин. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија „Никој не спие“ со која започнува третиот чин.
[envira-gallery id=”264″]