- This event has passed.
ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ
Драги љубители на оперската и балетска уметност,
Почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет, секој вторник и петок ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави.
Линк до каналот:
https://www.youtube.com/user/makoib
„Агонија на срцето“ – Ицик Галили (Израел)
„Софата“ – Ицик Галили (Израел)
„Песна над песните“ – Сташа Зуровац (Хрватска)
„Агонија на срцето“
Кореограф и светло дизајн: Ицик Галили (Израел)
Музика: Стринг Квартет бр.5, Филип Глас
Асистент кореограф: Елизабет Гибијат (Франција)
Костимограф: Натасја Лансен (Холандија)
Настапуваат: МИМИ ПОП АЛЕКСОВА-АТАНАСОВСКА, МАРИЈА КИЧЕВСКА-ШОКАРОВСКА, БОБАН КОВАЧЕВСКИ, ИВАНА КОЦЕВСКА, ИГОР ВЕЛАНОСКИ, ЈАН КИСИЛЕВ, САША ЕВТИМОВА, БИЛЈАНА БАСМАЏИЕВА, ИЛИЈАНА ДАНИЛОВ, ДИЛЈАНА ЈАНЕВА (БУГАРИЈА), МЕДИНА ЈУСУФОВИЌ, РОМАНА ЈУХАНЕСОВИЧОВА (СЛОВАЧКА), , МИРОСЛАВ МИТРАШИНОВИЌ, ДОЈЧИН ДОЧЕВ (БУГАРИЈА), ЕНДРУ КУК (АНГЛИЈА), СИМОНЕ ЏИРОЛЕТИ (ИТАЛИЈА), АНДРЕЈ ЛИТВИНЕНКО (УКРАИНА)
„Софата“
Кореограф и светло дизајн: Ицик Галили (Израел)
Музика: Том Вејтс
Асистент кореограф: Елизабет Гибијат (Франција)
Костимограф: Натасја Лансен (Холандија)
Сценограф: Јанко ван Барневелд (Холандија)
Настапуваат: САША ЕВТИМОВА / МИМИ ПОП АЛЕКСОВА-АТАНАСОВСКА, МИРОСЛАВ МИТРАШИНОВИЌ / ИГОР ВЕЛАНОСКИ, ЕНДРУ КУК (АНГЛИЈА) / СИМОНЕ ЏИРОЛЕТИ (ИТАЛИЈА)
„Песна над песните“
Кореограф: Сташа Зуровац (Хрватска)
Музика: Марјан Нечак
Костимограф: Марија Пупучевска
Сценограф: Зоран Костовски
Светло мајстор: Милчо Александров
Настапуваат:
ДЕВОЈКА: АЛЕКСАНДРА МИЈАЛКОВА
МОМЧЕ: ВАСИЛ ЧИЧИЈАШВИЛИ (Грузија)
АНГЕЛ: МИМИ ПОП АЛЕКСОВА-АТАНАСОВСКА
НАТАША ЈОСИФОВСКА, ИВАНА КОЦЕВСКА, ИГОР ВЕЛАНОСКИ, ЈАН КИСИЛЕВ, БИЛЈАНА БАСМАЏИЕВА, МАРИНА АНАСТАСОВСКА, САША ЕВТИМОВА, (МЕДИНА ЈУСУФОВИЌ, АНГЕЛА ВЕЛЕВСКА, ИЛИЈАНА ДАНИЛОВ, КРИСТИЈАН ЈАНГОС, АНДРЕЈ ЛИТВИНЕНКО (УКРАИНА))
За кореографот Ицик Галили…
Работата на Галили е карактеристична по способноста да го истражува танцот од широк опсег, да ја заобиколи нашата свест и да ги разбуди нашите внатрешни чувства. Мешајќи ги соништата со јавето, минатото со сегашноста, Галили ја повикува публиката да размислува за тоа што останува скриено зад реалноста. Тој комбинира експресивни движења со моќни или поетски слики, честопати создадени со неговото лично дизајн на светло, и го покажува неговото искуство и гледање на светот во перформанс кој е универзален и човечки…
Неговото постојано и интензивно истражување на интеракцијата помеѓу движењата и текстовите, проектирани или изговорени – како и во соло делото „Минијатурен залак“(Little Tiny Bite) – го прават уникатен кореограф на меѓународната сцена.
Лексиконот на движења на Галили е изразито енергичен, понекогаш дури и акробатски. Сепак, тој не е заинтересиран само за физичките можности на танчерите. Со многу суптилни гестови, пренесува израз или промена во односот меѓу луѓето. Тој комбинира страв и моќ, осаменост и удобност, суровост и нежност, сериозност и хумор, борба и среќа, емоции и апстракција – не како противречности, туку како можности. Тој ги предизвикува танчерите да се користат со актерска игра, да ги користат нивните гласови, нивните тела како удирачки и свирачки инструменти на кои досега не свиреле, a со тоа што ги прашува, што тие мислат за сопствените можности како танчери и како човечки суштества? Ги поттикнува да бидат креативни поединци и независни мислители. Дополнително, Галили ги помага идните таленти за кореографија.
„Кога телото ќе ја отвори устата и ќе ги изговори зборовите од кои потекнува, јас ќе го прегрнам и ќе му дозволам да одмора крај мене“
„Секоја уметничка форма е религиозна на некој начин, претставува ритуал. Бришењето на религијата е само интелектуална изјава. Но на сцена, станува потребна и автоматска обврска да се живее во моментот. Мојата работа е интимен ритуал, огледало кое го нуди токму она што ние веќе го носиме во нас.
Дваесет и пет години јас го оставам својот белег во светот. Свесен и преплашен, го согледувам својот живот. Учам. Учењето е: да се оттргнам од учење. Годините минуваат без одговор. Пресудно е да не се најде ништо. Чувствувам како ме преплавува поток, жила од подземни реки кои се појавуваат и исчезнуваат. Парчињата свои ги носам во себе. Движење сочинето од воздух и тело.
Танц.
Танчерите се рудник со злато, бои, одраз на моите ограничувања, на она што јас не можам да го видам. Секој од нив носи различен елемент во креативниот процес, составен од тело и душа, далеку поголем од она што се очекува од традиционалното знаење на еден танчер. Работата се претопува во нив, и со тоа, барањето на широк опсег на движења станува очигледно, а разликите во толкувањето стануваат пресудни.
За да ги унапредат нивоата на размислување, треба да гледаат подалеку од менталната граница. Тие ме тераат да станам најдобар што можам, и ме спречуваат да станам сенка на некој друг. Телото станува политичко, временска бомба, затоа што, водено од потребата да оди напред, ги игнорира временските ограничувања.