- This event has passed.
Руџеро Леонкавало
„ПАЛЈАЧИ“
23.11.2022-20 часот
Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Дејан Прошев
Сценограф: Илина Ангеловска
Костимограф: Никола Булески
Кореограф: Олга Панго
Асс.диригент: Катерина Стојковска
Асс.режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Концерт–мајстор: Верица Ламбевска
Хор–мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
Светло дизајн:
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер: Невена Георгиева
Настапуваат:
Канио / Палјачо: Ѓорѓи Цуцковски
Неда / Колумбина: Дешира Ахмети – Крлиу
Тонио / Тадео: Марјан Јованоски
Пепе / Арлекин: Јане Дунимаглоски
Силвио: Драган Ампов
Балет: Ендру Кук ( Англија ), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет
ПАЛЈАЧИ
(синопсис)
Пролог
Пред завеса.
Патувачкиот актер Тонио им раскажува на гледачите дека драмата која ќе се игра е исполнета со вистинити чувства и страдања на нејзините јунаци. Обичните комедијанти, исто така, имаат душа која сега ќе ја отворат пред публиката…
Прв чин
Во италијанското село пристигнува патувачката трупа составена од Канио газдата и главниот актер, неговата жена Неда и актерите Тонио и Бепо. Селаните, во исчекување на добра забава, ги поздравуваат и покануваат во таверна.
Тонио ја одбива поканата. Селаните се смејат: сигурно тој сака да остане насамо со убавицата Неда, додека сопругот се гоштева. Но Канио ги прекинува: тој искрено ја сака својата жена и и верува, но во случај на неверство ќе биде страшен во својата одмазда
Неда останува сама. Таа е со помешани чувства. Во ова село ја чека нејзиниот сакан-младиот селанец Силвио. Борејќи се со лошите претчувства, Неда пее за птици слободни да летаат насекаде…
Пеењето на Неда го пленува Тонио. Тој смогнува сили конечно да и ги открие своите чувства но горделивата убавица му се потсмевнува на грдиот кловн. Тонио ја моли да биде сфатен сериозно, но ударот со камшик го враќа во реалноста. Навреден и огорчен, тој се колне дека ќе се одмазди.
Се појавува Силвио кој ја моли Неда да го напушти мажот и трупата и да замине со него. Тонио скриен ликува. Неговиот гнев започнува да ја реализира одмаздата . . .
Вљубените нежно се разделуваат, кога неочекувано се појавува разбеснетиот Канио (Тонио успеа да му соопшти за неверството) и го напаѓа Силвио. Тој успева да побегне и Канио се свртува кај Неда: кој е нејзиниот љубовник?! Кога таа одбива да одговори, Канио вади нож…Бепо го запира, а Тонио се труди да го смири: сигурно, непознатиот ќе се појави на вечерната претстава и ќе се разоткрие. Сите, освен Канио, брзаат на претставата. Публиката чека! Канио е скршен. Најстрашно е дека тој треба да го облече костимот на шут и да ја забавува публиката, криејќи ја својата болка: „Смеј се, палјачо, на својата тага…”
Втор чин
Претставата само што не отпочнала. Посетителите влегуваат, меѓу нив е и Силвио. Неда, собирајќи пари, го предупредува за опасноста. Публиката е нетрпелива, но, еве, конечно, се крева завесата…
Сцената е наместена како мала соба. Коломбина (Неда) мечтае за Арлекин, додека мажот, Палјачо не е дома. Оддалеку се слуша серенадата на Арелкин. Влегува слугата Тадео (Тонио). Коломбина е сама. Тој се осмелува да и каже за својата љубов, поткрепувајќи го признанието со кошница со храна…
На прозорецот се појавува Арлекин. Тој го исфрлува обожавателот на Коломбина, но, сепак, му доверува да чува стража. Љубовниците започнуваат со вечерата, но уплашениот слуга го најавува разбеснетиот Палјачо (Канио) кој влегувајќи, го бара љубовникот на својата жена…
Бесот на Палјачо веќе не е актерска игра. Зборовите со кои Коломбина го испрати Арлекин се скоро исти со оние на Неда при разделбата со непознатиот…Канио, обземен од љубомора, и бара од Неда да го каже името. Неда сеуште се обидува да ја спаси претставата и низ игра го исмејува Палјачо. Канио се колне дека со крв ќе го измие срамот – публиката одушевено ракоплеска. Тој за последен пат го бара името, но Неда гордо молчи. Гледачите забележуваат дека нешто не е во ред – но Неда веќе е прободена со ножот. Силвио истрчува на сцената обидувајќи се да ја спаси, но и тој е прободен…Луѓето се ужаснати. Избезумениот Канио во плач и болка го фрла ножот извикувајќи – „Комедијата заврши” .