Loading Events

« All Events

„КАРМИНА БУРАНА“ – Карл Орф (16.10.2024) October 16 @ 8:00 pm - 9:10 pm 600МКД

„КАРМИНА БУРАНА“
Карл Орф
 
16.10.2024 –  20ч.
                       

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф и либрето:
Кан Арслан
Сценограф: Миодраг Табачки (Србија)
Костимограф – опера: Елена Дончева
Костимографбалет: Гизем Бетил (Турција)
Концерт – мајстор: Верица Ламбевска
Репетитори: Горан Божинов, Володимир Борисов (Украина), Кире Павлов, Дафина Данилоска Кочевска, Саша Евтимова, Бобан Ковачевски
Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓевска/ Ѓургица Дашиќ
Корепетитори опера: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Корепетитори балет: Марјан Василевски и Стефан Пехчевски
Инспициенти опера: Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски
Инспициенти балет: Дубравка Шопова и Тијана Тарчуговска Георгиева
Суфлер: Невена Георгиева

Солисти на опера:
Сопран: Надe Талевска
Баритон : Благој Нацоски
Контра тенор:  Денис Димоски
Солисти на балет: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Франциско Хименез Руиз (Шпанија),  Балаж Лочеи (Унгарија)

 Настапуваат: Хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет

 

ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“ Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот. „Што е појасна и поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот, произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје. Кармина Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности за нови идеи и инспирации.

 

Details

Date:
October 16
Time:
8:00 pm - 9:10 pm
Cost:
600МКД
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=6194