Loading Events

« All Events

Денови на жалост: Откажани активностите на Национална опера и балет March 16 @ 8:00 am - March 24 @ 11:55 pm

Почитувани,

Поради тешката трагедија што ја погоди нашата држава, големиот пожар кој се случи во Кочани, ја информираме нашата публика дека во деновите прогласени на национална жалост, од 17 до 24 март, Националната опера и балет ги откажува предвидените активности за наредната недела како и изведбата на балетот „Лебедово езеро“ закажана за 21 март.

Националната опера и балет изразува најдлабоко жалење за загубата на младите животи и изразува сочувство до фамилиите за прерано згаснатите животи. На повредените им посакуваме брзо опоравување.

Ве информираме дека балетскaта претстава „Лебедово езеро“ која што беше закажана за 21 март, СЕ ОДЛОЖУВА за 11 април 2025 во 20.00 ч.
📌Купените билети ќе важат и за новиот датум, а постои можност и за рефундација на средствата.
📌Информации за рефундацијата, може да добиете на телефонскиот број на Билетарнцата на МОБ: 078 426 536 и 02 3118 451
Ви благодариме на разбирањето!
НУ Национална опера и балет

Details

Start:
March 16 @ 8:00 am
End:
March 24 @ 11:55 pm