- This event has passed.
18.10.2023, 20 часот
Чезаре Пуњи
ЕСМЕРАЛДА
(балет)
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Михаил Крапивин (Русија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Љупка Ристовска
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: Александра Мијалкова, Горан Божинов, Васил Чичиашвили, Билјана Пашариковска, Наташа Јосифовска, Олга Панго, Дафина Данилоска Кочевска, Маја Митровска Богојевска, Александра Стефановиќ Бранѓолица
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Инспициенти: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска Георгиева
НАСТАПУВААТ:
Есмералда: Мими Поп Алексова Атанасовска
Феб: Балаж Лочеи (Унгарија)
Флер де Лис: Христина Наќевска
Гудула: Марија Јосифовска Ристовска*
Клод Фроло: Мирослав Митрашиновиќ
Квазимодо: Ендру Кук (Англија)
ЕСМЕРАЛДА
(според романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ на Виктор Иго)
I чин
На преморената мајка Гудула која заспива, Циганите и ја крадат малата ќерка. На плоштадот во Париз, грбавиот Квазимодо го бираат за татко на шутовите на нивниот празник. На плоштадот доаѓаат циганите и Есмералда го почнува својот провокативен танц. Клод Фроло, архиѓакон на црквата, страсно ја гледа. Есмералда, собирајќи пари, избезумена застанува пред една старица. Тоа е Гудула. Клод Фроло му наредува на Квазимодо да ја грабне Есмералда. На нејзинот крик доаѓа капетанот Феб ја спасува го пушта Квазимодо, а Есмералда маѓепсна гледа во Феб.
Свадба на Феб со Клер де Лис. Феб ги здогледува циганите со Есмералда и ги поканува да влезат во замокот. Есмералда е среќна и возбудена го започнува својот танц, а Феб и се придружува.
II чин
Таверна навечер. Циганите играат. Доаѓа Феб, а тука е и Квазимодо. Феб и Есмералда одат зад вратата, во исто време доаѓа и Клод Фроло. Прегрнувајќи ја Есмералда, Феб е прободен со нож. Убиецот се сокрива, а Квазимодо го подига ножот и сфаќа дека убиец е Клод Фроло. Есмералда е обвинета за убиство. Клод Фроло и нуди спас, барајќи ја нејзината љубов. На плоштадот се спрема казна за Есмералда. Гудула ја препознава ќерка си и ги обвинува Циганите за кражба. Паѓа мртва. Квазимодо ја зема Есмералда и ја носи во црквата, но Клод Фроло ја враќа на џелатот. Квазимодо во бес го турка Клод Фроло од кулата на црквата.