- This event has passed.
Адолф Адам
„Жизел“
2.3.2023 -20:00
Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски
Адаптација: Ирена Пасариќ (Хрватска)
Сценограф: Александар Ношпал и Михајло Стојановски
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло дизајн: Милчо Александров
Репетитори:Горан Божинов, Александра Мијалкова, Васил Чичиашвили, Билјана Пашариковска, Наташа Јосифовска, Дафина Данилоска-Кочевска
Настапуваат:
Жизел: Мими Поп Алексова Атанасовска
Алберт: Алберт: Франциско Хименез Руиз (Шпанија)
Мирта: Илијана Данилов
Хиларион: Бобан Ковачевски
НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ
Синопсис
Балетот Жизел е романтичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.
Првиот чин ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.
Вториот чин ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре.
Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.