- This event has passed.
Лебедово езеро е љубовна приказна, која ја раскажува вечната борба меѓу доброто и злото. Балет во два чина. Либрето и музичка редакција: В. Јаременко и А. Баклан; Кореографски фрагменти: Л. Иванов, М. Петипа и Ф. Лапухов.
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева ( Украина)
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Репетитори: проф. Тања Вујисиќ Тодоровска, Станислав Фечо (Чешка), Олга Панго, Лора Тарчуговска и Горан Божинов
НАСТАПУВААТ:
Одета, Одилија: Марија Кичевска-Шокаровска
Принц Зигфрид: Бобан Ковачевски
Ротбарт: Дојчин Дочев (Бугарија)
Па де труа: Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева и Игор Веланоски
НАСТАПУВА БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ
Синопсис
I ЧИН
„Вовед“
Младиот Зигфрид, задлабочен е во своите мечти и фантазии за измислената девојка во бело. Но таа е само илузија. Во својата надеж да ја сретне и да се вљуби во точно таква тој заспива. Одненадеж се појавува чуден човек – тоа е волшебникот на злото – Ротбарт. Тој дознава за мечтаењата на младото момче и решава да докаже, дека вистинската љубов – е само измислица на писателите, поетите и уметниците. Тој создава услови, каде ќе има се: почит, слава и богатство, љубов, предавство и каење…
I сцена
„Парк на Замокот“
Слугите на кралството танцуваат на пољанката. Забележувајќи го младиот принц, кој спие во куќичката, тие се изненадени: тој е облечен во чудна облека! Нашиот млад херој се буди. Каде е тој?! Се околу него е непознато и чудно, сите му се поклонуваат. Се појавува Наставникот и исто така се упатува накај него со прашањето – каква е тоа облека на него? Во секој момент треба да се појави неговата мајка – Големата Кралица!
Се е јасно! – нашиот херој го земаат за некој друг – а поточно за наследникот на круната – Принцот Зигфрид! По се изгледа тоа е сон, но тој сон е толку неочекуван и пријатен, бидејќи да се биде малку Принц, е толку завлекувачки и интересно! Нашиот херој е преоблечен. Тој по првпат ја гледа таа жена, а таа нежно го бакнува и му го подарува семејниот медалјон. Продолжува веселиот празник во негова чест, во чест на полнолетството на Принцот Зигфрид. Во далечните кралства веќе се испратени поканите и невестите веќе се на пат. Утре треба да биде избрана една единствена, таа која ќе му се допадне на принцот. Постепено се стемнува. Со што да се зафати. Се разбира – веднаш кон езерото – на лов.
II сцена
„Езеро“
Злобниот Ротбар ликува: се оди по неговиот замислен план. Да ги претвори девојките во бели лебеди. Меѓу нив, прекрасната Одета, на која Зигфрид треба да и се заколне на вечна љубов. Брегот на езерото. Тие се сретнуваат, принцот е восхитен од убавината, нежноста на душата на девојката. Неговото срце трепери – тој е убеден дека ја нашол својата љубов.
II Чин
III сцена
„Дворец“
Во дворецот се е подготвено за свечената церемонија. Се собираат гостите. Списокот на потенцијалните невести е определен. За Принцот Зигфрид танцуваат волшебно убави невести од различни држави. Но тој неможе да го направи својот избор – во неговото срце живее само Одета и неговата љубов кон неа. Неочекувано за сите се најавува дека пристигнува непозната кандидатка за невеста. Тоа Ротбар приготвил за принцот уште еден испит: тој го претставува црниот лебед – сестрата на Одета – Одилија. Таа запленувачки е прекрасна и ги засенува сите и маѓепсаниот од нејзините чари Зигфрид, отфрлајќи ги сите сомнежи, и се колне на Одилија во вечна љубов. Но што се случува со него? После тоа, откако се заколнува, како да веднаш исчезнуваат сите волшебства и Принцот го чувствува плачот на Одета, а срцето само повикува да ја види Одета! Господе! Колку тој е виновен! Ќе може ли саканата да му ја прости грешката? Во дворецот настанува паника. Ротбар повторно ликува, бидејќи знае дека најлошото за Зигфрид допрва следува.
IV сцена
„Езеро“
Езерото е разбранувано, на езерото е бура! Одета не си наоѓа место, нејзината душа плаче. Ротбар ја контролира ситуацијата, тој го чека Зигфрид на подготвениот за него решавачки испит. Зигфрид се појавува. Тој ја нарушил клетвата! Тој ја предал својата љубов! Тој го уништил сопствениот идеал!
Тој ја замолува Одета да му прости и се труди да и објасни дека некој раководи со неговото сознание. Тој не може да постапи така и да ја предаде сопствената љубов! Пред нив возникнува гение на Злото – Ротбар и Зигфрид сфаќа, кој бил тој човек: и лебедите и Одета се потчинуваат на неговото маѓепсништво, дека и тој самиот, Зигфрид, не е моќен да се спротивстави на таа црна сила. Само арбалетот може да го запре овој демон! Зигфрид пука од арбалетот во Ротбар и, О, Господе! Љубовта е предадена! Злото не е казнето! Саканата е мртва! Зигфрид е безгранично очаен. За него нема место во овој свет, но тој ќе биде заедно со Одета барем и на небото. Тој се жртвува заради љубовта и се фрла по неа во бездната…
„ Епилог“
Првите зраци на сонцето што се издига на хоризонтот… Злобниот волшебник е разочаран: сепак љубовта постои, ако постои самопожртвување заради тоа свето чувство. Тој го запира сонот. Младото момче се буди… Дали тоа бил сон и се исчезна без трага??! Не! Неговата љубов и стремеж кон идеали не исчезнаа! Сето тоа што го преживеал останува за среќа со него. И тука, како награда, судбината му испраќа непроценлив подарок. Пред момчето се појавува девојка. Таа – е таа вистинската, за која тој мечтае цел свој живот, тоа е што била Одета во неговиот сон. Таа е, таа која што тој ја љуби и и се восхитува!!! Се упатуваат трчајќи еден кон друг, кон својата среќа! Тие имаат мечта, тие имаат љубов! Тие ги имаат Тој и Таа. „Да биде волјата Твоја, да дојде царството твое на небесата и на земјата…“
Сето тоа го набљудува Генијот на Злото – Ротбар. Тој е силен, но да ја победи вистинската љубов не е во неговата моќ. Да се уништи тој – не е можно, но можно е да се победи!!! Ротбар заминува.
[envira-gallery id=”337″]