Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
Маша и нејзината волшебна приказна – Хуманитарна претстава (28.01.2017) January 28, 2017 @ 12:00 pm - 1:00 pm 200MKД

Детска претстава – Хуманитарна претстава за малиот Лука
28 и 29 Јануари во 12.00 часот во МОБ (Мала сцена)
Билетите се во продажба на Билетарницата на МОБ 02/ 3118 451, и онлајн на www.mob.mk по цена од 200 денари.

Малиот Лука Јовановски (на возраст од само 2 годими) боледува од MALIGNANT NEOPLASM OF EYE AND ADNEXA, за неговото лекување во Истанбул, Турција, потребни се 20 000 евра.
Сметка за донација: 380176980603113

“Маша и нејзината волшебна приказна”, е најновата претстава на “Театар Крик”, во која како наратор ни се појавува добро познатиот лик на децата, Маша од цртаните. Ова е приказна за двајца браќа – принцови од големото царство, кои заради наредба од Царот – нивниот татко, треба да се женат. Стрелите кои ги фрлаат, за да си ги пронајдат судените невести, паѓаат пред нозете на една принцеза и една жаба. Така што едниот од нив ќе мора да се ожени за принцеза а другиот за жаба…
Но, работите не секогаш се онакви какви што изгледаат. Оној, кој на самиот почеток мислиме дека има лоша среќа, излегува дека ја земал најубавата и најдобрата принцеза.
Претставата изобилува со голем број на поуки, но и со многу комични ситуации, прилагодени на возраста на публиката. И во оваа наша претства, ја користиме интеракцијата со децата, како посебен и веќе проверен сценски израз, кој се има покажано како одличен метод за одржување на вниманието кај децата- гледачи.

Во претствата играат актерите: Мирјана Поповска-Ристов, Роберт Ристов и Сашо Ристовски.

Details

Date:
January 28, 2017
Time:
12:00 pm - 1:00 pm
Cost:
200MKД
Event Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/masha-28-01-2017.html

Venue

МОБ – Мала Сцена
Бул. Гоце Делчев бр. 4
Скопје, Macedonia
+ Google Map