Loading Events

« All Events

  • This event has passed.
МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО – РЕПРИЗА (22.12.2023) December 22, 2023 @ 8:00 pm - 9:30 pm 600MKD

22.12.2023, 20 часот
РЕПРИЗА

Молитви на моето тело
(балетска претстава по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов)

„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
Последна премиера на НУ. Национална опера и балет за 2023 година и завршен настан со кој се затвора јубилејот повод одбележување 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Креативен тим:
Идеја за проект и костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Соња Здравкова-Џепароска
Кореографи: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова
Композитори: Дарија Андовска, Александар Гроздановски, Александар Пејовски
Сценограф: Михалјо Стојановски
Визуелен уметник: Флоријан Чанга (Р. Албанија)
Монтажа на филм: Доријан Миловановиќ
Мултимедија и графички дизајн: Лазе Трипков
Поетско читање: Никола Ристановски
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Светло: Јакуп Јакуп, Нино Митевски, Перо Марачков

МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО
балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шоповпо повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот

ЦИКЛУС – РАЃАЊЕ (NATIVITAS)
Прва едночинка: кореограф: Ивана Коцевска композитор: Дарија Андовска

Настапуваат:
МАЈКА: Мими Поп- Алексова Атанасовска / Христина Наќевска
ЖЕНА: Мартина Димовска/Аманда Роча/Ања Филиповска
ДЕВОЈКА: Наташа Трендафилова Гицев/ Медина Јусуфовиќ/Биби Басмаџиева Ковачевска
3 мажи: Франциско Хименес Руи (Алфред Јаго), Балаж Лочеи (Ендру Кук), Игор Веланоски (Николас Oрсо, Веселин Трајковски)
4 жени: Ивана Димковска, Илијана Данилов, Аманда Роча, Ева Перковска
(Медина Јусуфовиќ, Меланија Гоцевска, Матеа Каревски, Ања Филиповска, Мартина Цветаноска)

ЦИКЛУС – ПРЕПЛЕТУВАЊЕ
Втора едночинка: кореограф: Адријана Данчевска композитор: Александар Гроздановски

Настапуваат: Мими Поп – Алексова Атанасовска, Илијана Данилов, Наташа Трендафилова, Ангела Велевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Ангела Богатинова, Аманда Роча
Франциско Хименес Руис,Балаш Лочеи, Игор Веланоски, Ендру Кук, Веселин Трајковски, Алфи Јаго.

ЦИКЛУС – ВОЗНЕС (IN PERPETUM)
Трета едночинка: кореограф: Саша Евтимова композитор: Александар Пејовски, Изведува диригент Сашо Татарчевски со Женскиот младински хор при МКЦ, солист: Катерина Грковска (сопран), органа: Јанинка Невчева, харфа: Сара Мејс, пијано, гудачки оркестар и трака. Тонски снимател: Ален Хаџистефанов. Користена е музика од албумот ФИРОМ Реквием.)
Асистент кореограф: Ксенија Синџиќ (Р. Црна Гора)

Настапуваат:Мими Поп – Алексова Атанасовска, Марија Кичевска,Александра Мијалкова, Марија Јосифовска, Олга Панго, Биби Басмаџиева, Наташа Трендафилова, Марина Анастасовска, Христина Наќевска, Илијана Данилов, Аманда Роча, Мила Ниновска, Ангела Велевска, Меланија Гоцевска, Ивана Димковска, Мартина Димовска, Ева Десковска.
Бобан Ковачевски, Балаш Лочеи, Франциско Химнес Руис, Игор Веланоски, Миро Митрашиновиќ, Ендру Кук, Алфи Јаго, Веселин Трајановски, Тодор Стојанов, Агим Бафтии, Кристијан Јангос, Мартин Саздовски, Николас Орсо, Стефан Кочевски ( Марин Анчевски)
(Вили Карајанова, Медина Јусуфовиќ, Андријана Богатиновска, Леонтина Карчева, Исидора Китановиќ , Теодора Ставревска, Бојана Арсовска, Ања Филипова).

МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО
Балетски триптих

Создавањето на драматуршка предлошка на поезијата на Шопов беше екстатичка игра co значења, состојби, емоции, нијанси, ароми, бои,… Тоа е опоен процес на продирање во најдлабоките химери на неговата поетска реч, но при тоа погледнати преку диоптријата на обликовната матрица на едно сценско дело. Поаѓајќи од танцовиот изведувачки дискурс идеја беше да се постигне преведување, конвертирање на зборот во движење.
Претставата е втемелена на дванаесет песни на Ацо Шопов, единаесет од циклусот Молитви на моето тело и песната Раѓање на зборот, која мошне природно се надоврза на циклусот. Песните на Шопов се моќни, но едновремено интимни приказни пресликани во еден нов, поинаков медиум. Поетот го поставува телото во својот поетски интерес, телото од друга страна е алатка, знак во танцовата уметност. Поради тоа соединувањето на зборот на Шопов и идејата за телото како негова појдовна инспиративна парадигма, со танцот како јазик се одвиваше природно и мошне органски. Претставата стреми кон креирање на перформативна алхемија, симбиоза на изрази, современ синкретизам.
За потребите на претставата песните се организирани во триптих, од коj секој дел содржи по четири песни поврзани во тематско-функционална рамка. Трите тематските циклуси се конектирани со идејната нитка која се пројавува во секој од нив именувани раѓање, преплетување и вознес. Предложеното групирање не е идеално само во однос на некаква математичка делба, туку многу повеќе во содржинска смисла, која резултира со одлична функционалност на песните како засебни потцелини. Трите пластови имаат своја ознака и тематска полнетица. Во секој од нив има флуктуација од вовед преку своевидна кулминација и разрешување во повторно возвишување на следниот циклус.
Јачината на поезијата на Шопов како драматург ме натера да направам една нестандардна интервенција вклучувајќи ја вербалната компонента односно изговорените сегменти од неговата поезија вградени во музиката, сцените или како писмо присутни во сценскиот дизајн што даде еден особен квалитет на претставата.

Соња Здравкова-Џепароска

 

Каталог – „Молитви на моето тело“

Details

Date:
December 22, 2023
Time:
8:00 pm - 9:30 pm
Cost:
600MKD
Event Category:
Website:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5401