- This event has passed.
ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ
Драги љубители на оперската и балетска уметност,
Во петок, 10 јули со почеток во 20.00 часот на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ги гледате балетските претстави „Кармен и Валпургиска ноќ“, со кои се означија 70 години постоење на македонскиот балет.
Снимката е од нашата архива и е работна снимка.
Линк до каналот:
https://www.youtube.com/user/makoib
КАРМЕН – Жорж Бизе, Родион Шчедрин
ВАЛПУРГИСКА НОЌ – Шарл Гуно
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Габор Кевехази (Унгарија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Дизајн: Емил Петров
Настапуваат првенци, гости, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
КАРМЕН – Жорж Бизе, Родион Шчедрин
Кармен: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова Атанасовска
Дон Хозе: Болаж Лашеи (Унгарија)
Ескамиљо: Васил Чичиашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновиќ
3 жени–бикови: Саша Евтимова, Христина Наќевска, Медина Јусуфовиќ, Илијана Данилов, Марија Јосифовска Ристовска, Бојана Христовска, Меланија Гоцевска
Михаела: Ивана Димкоска
Цунига: Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ
7 Војници и народ: Агим Бафтии, Марко Арсов, Николас Орсо, Борјан Тетиев, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Андреј Литвиненко (Украина), Ендру Кук (Англија), Салваторе Лаудани (Италија), Алекса Цолиќ (Србија)
ЖЕНИ: Цветанка Максимовска, Ирена Макеларска, Габриела Павловска, Бистра Делиниколова, Симона Митовска, Ангела Богатинова, Теодора Ставревска, Андријана Богатиноска, Виолета Карајанова
„ВАЛПУРГИСКА НОЌ“
Ваханалка: Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска
Нимфа I: Саша Евтимова, Андријана Петковски
Нимфа II: Ивана Коцевска, Ивана Димкоска
Три момци – во црно: Мирослав Митрашиновиќ, Николас Орсо, Кристијан Јангос
Тројка – варијација: Игор Веланоски, Ендру Кук (Англија), Илијана Данилов
ПАРОВИ:
ЖЕНИ: Алексндра Ѓореска, Мила Ниновска, Бојана Христовска, Медина Јусуфовиќ, Меланија Гоцевска, Теодора Ставревска, Виолета Карајанова, Матеа Каревски, Андријана Богатиноска
МАЖИ: Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ, Болаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), Агим Бафтии, Јан Кисилев, Кристијан Јангос, Мартин Саздовски, Марко Арсов, Борјан Тетиев, Николас Орсо, Ендру Кук (Англија), Андреј Литвиненко (Украина), Салваторе Лаудани (Италија), Алекса Цолиќ (Србија),
За „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“…
Сон на секој кореограф е да ги постави на сцена „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, бидејќи тие се две прекрасни дела, од двајца музички великани, Жорж Бизе и Шарл Гуно. Кога уметничкиот раководител на балетот на НОБ, Олга Панго, ми понуди заедничка соработка за овие две дела, без размислување прифатив и веднаш започнав со подготовка на кореографијата. Оваа задача бараше од мене посебна инспирација, бидејќи за овие две дела има постоечка кореографија од светски познати кореографи, како што се: Алберто Алонсо, Баланшин, Матс Ек и др. Кога започнав со работа на кореографијата, сфатив дека дури и не го познавам доволно балетскиот ансамбл на НОБ, а мојата креативност секогаш е подобра, кога правам кореографија според балетски играчи, кои лично ги познавам. Затоа, многу се подготвував дома, само јас и музиката. И од таму, кога почнав со работа со балетот во Скопје, точно знаев што сакам да направам. Комбинирајќи различни стилови на движења, сакам да презентирам чиста, неокласична, сложена технички и возбудлива кореографија за македонската публика. Би сакал да истакнам, дека добив огромна поддршка од прекрасниот балетски ансамбл Националната опера и балет.
Ви посакувам долготрајно уживање и секако забавувајте се!
Габор Кевехази – кореограф
Кармен – Шчедрин-Бизе
(балет)
Либерто
Сцена.1
Плоштад во Севилја. Меѓу народот е Кармен која се расправа со својата ривалка. Војниците на офицерот Дон Хозе добиваат наредба од Генералот Цунига да ја уапсат Кармен. Но, итрата Кармен гледајќи ја страста во очите на младиот офицер го заведува се со цел да се ослободи од затвор. Во тоа успева играјќи заедно со него па де де. Хозе ја ослободува Кармен, но му следи затвор по наредба на Цунига затоа што ја прекршил војничката заклетва. Како одговор, Дон Хозе дезертира од војската.
Сцена 2.
Таверната на Лилас Пастја. Пристигнува Кармен. Атмосферата е полна со страст. Влегува херојот на коридата, тореадорот Ескамилио кој веднаш ја забележува Кармен. Другите девојки не го интересираат. Започнува жесток дует со Кармен полн со страст и ветување. Кармен е на пат кон нова љубов. Сцената ја прекинува влегувањето на Дон Хозе кој веднаш сфаќа дека неговите илузии за вечна љубов и неговите жртви се пропаднати.
Го гледа неверството на Кармен кое го доведува до очај. Влегува во дуел со Ескамилио, но брзо ќе се најде на подот. Кармен сепак не е бесчувствителна. Таа го прекинува дуелот и игра со Дон Хозе сакајќи да му каже дека е дефинитивно крај на нивната љубов. Хозе си заминува со поматени чувства. Кармен е сама на сцената со своите мисли.
Сцена 3.
Сцена пред арената во Севилја. Кармен пристигнува на средба со Ескамилио, но наидува непомирливиот Дон Хозе, очаен во својата немоќ и љубомора, решен да го убие Ескамилио. Воден од очајот и беспомошноста, го здогледува Ескамилио и го напаѓа со нож. Но судбината му го задава последниот удар. Наместо Ескамилио ја прободува Кармен која се обидува да ги раздели. Таа во крв паѓа пред Дон Хозе.
„Валпургиска ноќ“ – Шарл Гуно
(Балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно)
#70ГодиниБалет
На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со „Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен театар.