

ПЕТАР ПАН
24.3.2025, 12 часот
Кореограф: Џејмс Амар (Франција)
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Дафина Данилоска-Кочевска, Саша Евтимова, Киро Павлов, Билјана Басмаџиева Ковачевски
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Инспициенти: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска Георгиева
Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет
Времетраење: 1 час
Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.