- This event has passed.
Почитувани,
Чест ни е да Ве известиме и го најавиме НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ.
Украинскиот сопран Тамара Калинкина, баритонот Борис Трајанов и тенорот Дарко Нешовски на 01 јануари 2017, ќе настапат како солисти заедно со Балетот и Оркестарот на Македонската опера и балет на концерт „Руска бајка“ на првиот ден од новата година.
Како што кажува насловот, овој пат Македонската опера и балет на 01.01.2017, во новиот Салон на МОБ во 20:00,во режија на Трајко Јордановски, ќе ја пренесе и слави убавината на руската музика. Со гала оперско-балетскиот концерт ќе предводи извонредниот диригент Иван Еминовиќ.
На програмата ќе бидат застапени дела од познатите руски композитори: Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерецки, Ларионов и Римски-Корсаков. Ќе ги изведат оперските солисти: Тамара Калинкина-сопран, (Украина), Борис Трајанов-баритон и Дарко Нешовски-тенор, и балетските солисти: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Квачевски, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска, Марина Анастасовска и Билјана Басмаџиева.
Учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер е Трајко Јордановски, кореограф, Саша Евтимова, а диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ.
Цената на билетите, во зависност од местото на седење чинат 1200 и 1500 денари. Билетите ќе се продаваат на билетарата на МОБ до самиот ден на настан.
Солисти:
Тамара Калинкина – сопран (Украина)
Борис Трајанов – баритон
Дарко Нешовски – тенор
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Саша Ефтимова
Светло мајстор: Милчо Александров
Настапуваат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ