Loading Events

« All Events

„СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ – Џоакино Росини (3.4.2026) April 3 @ 8:00 pm - 10:30 pm 800МКД

Џоакино Росини
„СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“
3.4.2026 година, 20.00 часот

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Асс. Диригент: Катерина Стојковска
Асс.Режисер: Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хор мајстор: Гургица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреј Наунов, Анастасија Грговска
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлер: Невена Георгиева

НАСТАПУВААТ:
Фигаро: Марјан Јованоски
Розина: Биљана Јосифов
Гроф Алмавива: Благој Нацоски
Дон Базилио: Владимир Саздовски/ Александар Стефановски
Дон Бартоло: Невен Силјановски
Берта: Соња Пендовска Мадевска
Фиорело: Драган Ампов
Офицер: Кристијан Антовски
Амброзио: Никола Чедомировски
Камениот човек: Филип Мирчевски

Чембало: Елена Сиљаноска

Хорот и оркестарот на Национална опера и балет

 

Дејствието од операта се одвива во Севиља. Розина е млада девојка која е заљубена во грофот Алмавива.Младиот и убав гроф секојдневно пее под прозорецот на Розина со цел да и се приближи. Но, Розина ја чува стариот доктор Бартоло, кој сака да се ожени за неа и не и дозволува да излезе од куќата. Фигаро, личниот бербер на Бартоло, им помага на Розина и Алмавива да се запознаат, претставувајки го Алмавива како учител по пеење. И додека Фигаро го бричи Бартоло, Розина и Алмавива се договараат околу својата иднина.
За да ја остварат заедничката љубов, на Розина и Алмавива им помага Фигаро, така што им носи матичар и сведоци. Во тој момент се одвива венчавката, а стариот Бартола мора да ја прифати победата на младоста и љубовта.

 

Синопсис:

I ЧИН

Улица во Севиља. Грофот Алмавива ѝ пее серенада на Розина, штитеничка на лекарот Бартоло. Доаѓа берберот Фигаро, весело и самоуверено момче. Тој за пари и пофални зборови ќе му помогне на грофот да дојде до својата сакана. Бартоло, строго и љубоморно ја чува Розина, затоа што и тој самиот сака да се венча со неа. Таа пак го сака Линдоро, кој е всушност грофот Алмавива. Бартоло и Базилио решаваат да го обвинат грофот пред Розина. Фигаро се обидува да ја придобие Розина за грофот Алмавива, но со веселост забележува дека тука не е потребен никаков труд, зашто Розина во ликот на Линдоро и без тоа веќе го сака грофот. Розина му дава писменце на Фигаро за грофот и берберот весело си заминува. Одеднаш во куќата се втурнува еден војник, привидно пијан. Тоа е грофот кој ѝ се открива на Розина. Алмавива, поради вревата што се дигна во куќата со неговото доаѓање, мора да биде уапсен, но тој му шепнува нешто на заповедникот и за апсење нема повеќе ни збор. Бартоло се вчудовидува.

II ЧИН

Алмавива, преоблечен како учител по музика на Розина ѝ дава час по пеење. Фигаро го бричи Бартоло, а Алмавива и Розина се договараат да избегаат кришум. Фигаро се појавува и е премногу љубопитен што предизвикува сомневање кај Бартоло. Доаѓа Базилио и треба да го повика нотариусот, но грофот го поткупува и на крајот се се завршува со венчавање на грофот и Розина, кои добиваат благослов и од Бартоло.

*времетраење на претставата 150 минути

Details

Date:
April 3
Time:
8:00 pm - 10:30 pm
Cost:
800МКД
Event Category:
Website:
https://online.operabalet.mk/index.php?id=461